Свештеник освети Оскар за филм против Путин: „Ако се благословуваат ракети – зошто не и ова?“

Date:

Share post:

Поранешниот свештеник на Руската православна црква, протојерејот Алексиј Умински, освети холивудска награда „Оскар“ за документарниот филм „Господин Никој против Путин“, кој беше награден како најдобар документарец.

Наградата ја прими ко-режисерот Павел Таланкин. Чинот на осветување привлече внимание поради неговата симболика.

Според очевидци, свештеникот првично бил изненаден од барањето, но потоа изјавил: „Ако таму осветуваат ракети и бомби, зошто да не осветиме награда за добар филм?“

Умински е поранешен клирик на Руската православна црква, кој во 2024 година беше суспендиран и расчиниран поради одбивање да ја прочита „молитвата за света Рус“, поврзана со поддршка на војната во Украина. По расчинувањето, тој поднесе канонска жалба до Вселенската патријаршија, која ја поништи одлуката и го прими во својот клир и денес служи во Париз.

Филмот, ко-режиран од Таланкин и Дејвид Боренштајн, ги прикажува промените во руските училишта по почетокот на војната во Украина, со акцент на пропагандата и милитаризацијата.

Филмот премиерно беше прикажан на Sundance во 2025 година, освои BAFTA за најдобар документарец и во март 2026 година беше награден со „Оскар“.

1 COMMENT

  1. Hollywood бил, е и веројатно ќе остане the most weaponised entertainment industry во светот со јасно зададени геостратешки цели и антрополошки модели: Американците го освоија светот и духовно го разнебитија човекот на 20 и 21 век со масовната и ефтино дистрибуирана продукција на Hollywood, многу поефикасно и подалекусежно одошто со интервенциите на било кои нивни воени операции. Нивните долги, незабележани хибридни војни најуспешно се водеа прво со помош на филмската индустрија и на останатите субкултурни “уметнички” сурогати погодни за масовен и ефикасен brain washing политички инженеринг, под плаштот на слободата, алтруизмот и бесконечниот лажен прогрес на човештвото во сферата на трансхуманизмот (во која Hollywood исто така мошне вешто со децении се движи и освојува милиони умови).
    Значи, што “осветил” посочениот Умински во случајот, а е поскромно (во милитантна смисла на поимот) од убиствена ракета? Не дека се работи за некаков филм против Путин; кој било Оскар да го осветел во онтолошка смисла на зборот е рамно на осветување атомска бомба. А свештеникот секогаш (свесно или несвесно) дејствува на онтолошко ниво. Како и да е, последниве години излегоа на виделина и сјајот и слепоста во редовите на православното свештенство од сите меридијани (се разбира и на јавно експонираниот дел од монаштвото). И тоа е добро. Го помага духовното растење и расудувањето на милиони очевидци, читатели итн. Само, секој свештеник кој излегува на јавната сцена мора да има на ум дека јавно произнесениот збор или некојси алтернативен светотаински чин има поинаква и всушност неизбришлива тежина во споредба со другите облици празнословие (ако е веќе фалшлив). Тој е свештеник. Неговата прелест ја изложува самоуверено пред непрегледен аудиториум, меѓу другото и пред просветлени очевидци. Да се биде комичен во очите на незнабожците и неуките можеби е привремено безболно дури и инспиративно, но да се биде трагикомичен пред погледот на искусните духовни атлети знае да биде погубно. За злоупотребите од страна на демоните и да не говориме. Молчењето е злато.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img