Сестрата Снежана прими монашки потстриг и го доби монашкото име Салафаила во женскиот манастир „Св. вмч. Пантелејмон“ во селото Пантелеј, Кочанско.
Монашкиот потстриг беше извршен за време на вечерна богослужба, со која началствуваше митрополитот Брегалнички Иларион.
Надлежниот архиереј го изврши монашкиот потстриг, со кој сестрата Снежана го започна својот монашки живот под името Салафаила.






