141
0
Верски календар 01 Август
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Алфонз Марија де Лигуори.
Бил роден во Неапол, во 1696 година. Го основал Конгреацијата на Пресветиот Исцелител. Проповедувал меѓу народот и го ширел христијанскиот живот. Пишувал книги за моралот, па затоа бил наречен “Татко на христијанскиот морал”. На 66-годишна возраст станал бискуп во бискупијата Санта Агата деи Готи. Ја почитувал мајката Господова и во нејзина чест напишал книга која била преведена на многу светски јазици. Умрел во 1787 година.