Католички светец на денот

Date:

Share post:

Верски календар: 13 Октомври

КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Едвард, крал.

sveti-eduaРоден е во 1004 година како син на англискиот крал Етелерд Втори. Во 1043 година бил свечено крунисан за крал. Народот го сметал за идеален монарх, чуварите на нацијата го почитувале. Тој тоа го заслужил, бидејќи додека бил жив покажувал извонредна добрина и љубов кон сите. Тој по природа бил толку благ што од неговата уста неможело да се слушне остар збор, па дури ни кон оние кои биле лоши. Кралот бил засакан од народот по укинувањето на војничкиот данок, кој му претставувал голем товар, а парите што биле собрани и сочувани со тој данок до неговото укинување, тој им ги поделил на сиромашните. Свети Едвард бил човек кој не мислел само на себе, туку и на многу други кои живееле во немаштија и беда. Умрел во 1066 година. Закопан е во црквата на Вестминстерската опатија. Народот набрзо по неговата смрт почнал да го почитува како светец. Се проповеда за големиот број на чуда кои се случувале на неговиот гроб. Кога во 1102 година му го откопале гробот и му го прегледале телото, го пронашле сочуван. Во 1161 година папата Александар Втори го прогласил за светец. Англичаните му се молат за заштита на татковината.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img