Почетна Вести Кастро: Франциск и Кирил поттикнаа надеж
Кастро: Франциск и Кирил поттикнаа надеж

Кастро: Франциск и Кирил поттикнаа надеж

109
0

Водачот на Кубанската револуција Фидел Кастро ја коментирал историската средбана патријархот Московски и на цела Русија Кирил и папата Франциск. Според него состанокот во Хавана им даде надеж на луѓето.

Кастро, кој е поранешн претседател на Куба, вели дека целта на состанокот на папата Франциск и патријархот Кирил била да се „запре најнасилната војна било кога“. ­

Илјадници парчиња нуклеарно вооружување му претат на човештвото, изјавил Кастро, додавајќи дека мирот бил секогаш сон на човекот и главно тежнеење на луѓето во сите временски епохи.

Тој смета и дека борбата за мир во светот е должност на сите луѓе без разлика на религијата, националноста или годините.

Првиот состанок на патријархот Кирил и поглаварот на римокатоличката црква папата Франциск се случи на 12 февруари во Хавана, што претставува прва средба од овој вид во последните 10 векови.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *