Почетна Вести „Каритас“: На Балканот се уште има многу бегалци
„Каритас“: На Балканот се уште има многу бегалци

„Каритас“: На Балканот се уште има многу бегалци

71
0

Католичката хуманитарна организација „Каритас“ на својата годишна конференција во Берлин предупреди дека бегалците на Балканот не се згрижени и дека не е решение непријатната задача да им се препушта на другите, јави Дојче Веле.

– Во земјите на Балканот се уште има над десетици илјади бегалци и понекогаш преживуваат во катастрофални услови, предупреди претседателот на германската организација „Каритас“, Петер Нехер.

karitas 2На годишната прес-конференција во Берлин, тој се повика на податоците на ОН, според кои повеќе од 50.000 бегалци во моментов живеат во лоши услови на Балканот, бидејќи се плашат да заминат во официјалните прифатилишта.

– Тоа всушност е последица на договорот на ЕУ со Турција. Тие се плашат да не бидат протерани назад во Турција. Наместо тоа, се надеваат дека некаде ќе се појави пукнатина во „тврдата Европа“ низ која ќе можат да пројдат кон северот на континетот, наведе Нехер.

Како што јави Дојче Веле, „Каритас“ ја предупреди ЕУ дека мора повеќе да им помогне на земјите како Грција, бидејќи таа едвај може да ги подмири потребите на бегалците.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *