Почетна Вести Кардинал Паролин: Солидарноста е алтернатива на тероризмот
Кардинал Паролин: Солидарноста е алтернатива на тероризмот

Кардинал Паролин: Солидарноста е алтернатива на тероризмот

109
0

Против заканите на мирот и сигурноста, денес повеќе отколку некогаш, не треба да се затвораме во сопствените интереси, затоа што промовирањето помеѓу луѓето и народите е алтернатива на оружјето, насилството и теророт. Ова го изјавил кардиналот Пиетро Паролин, папскиот државен секретар, кој овие денови престојува на Мадагаскар по повод одбележување на 50 годишнината од дипломатските односи помеѓу Ватикан и островската држава во Индискиот океан, пренесува „Католици.мк“.

Неопходно е промовирањето на средбата и дијалогот помеѓу луѓето кои припаѓаат на различни етнички општества, култури и различни религии. Иднината на една земја, како што е Мадагаскар, треба да се поттикнува на таква различност. Поради човекот, мирот и правдата, добро е да се урамнотежат разни идеи и различни политички мислења, истакнал кардиналот.

Parolin kolaТоа е навистина тежок пат со несигурни исходи, но мирот, како што рече Папата на 9 јануари на Дипломатскиот кор, се остварува со солидарност, а не со криење во малите наши интереси, во индивидуалистичкото затворање или помалку – повеќе со прикриен национализам, кој што веќе го обојува пејсажот на постглобалниот свет.

Најсигурна метода за изградба на подобра иднина е враќањето на достоинството на оние кои трпат. Кардиналот потсети на говорот на Папата во Конгресот на Соединетите Американски Држави од 24 септември 2015, година, кога истакна дека служењето на дијалогот за мир значи исто така одлучно и неодложено стопирање на некои конфликти, како и постојано заземање за да се завршат во светот многу вооружени конфликти. Треба да се запрашаме: „Зошто убиственото оружје се продава на оние кои сакаат да нанесат неопишливо страдања на општествата?“ За жал, одговорот е, а сите ние го знаеме, поради парите кои што се натопени со крв, многу често од невините луѓе. Пред тој срамотен и казнив чин, ние мораме да се соочиме со проблемот и да ја стопираме трговијата со оружје, рекол кардиналот Паролин.

Границите не секогаш се затвораат, напротив тие се отворени кога е во прашање заработката. Во оваа криза не е доволна, ниту солидраноста, ниту споделувањето, туку треба праведно да се однесуваме кон сиромашните држави. Вистина, злоупотребата на природните богатства и нивното искористување никогаш не застанаа пред државните граници или пред идентитетот на некој народ. Најголемиот дел од светското население поради тоа секојдневно ги плаќа последиците на сирмаштвото, неразвиеноста, експлоатацијата, потенцирал Паролин.

Според кардиналот, треба да се реагира кога човекот е изложен пред секаков интерес, никој не мора да живее без чувство на припадност на некое семејство, народ, земја или Бог.

Државниот секртар Паролин својот говор го завршил со зборови на папата Франциск: „Без понизност нема мир. Каде што е гордоста секогаш има војна, желба за превласт над другите, сметање поголем од другите. Без понизност нема мир, а без мир нема единство.“

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *