Почетна Вера Како треба да се однесувате кога се фрлате по крстот во реките и езерата?
Како треба да се однесувате кога се фрлате по крстот во реките и езерата?

Како треба да се однесувате кога се фрлате по крстот во реките и езерата?

319
0

Со чинот на осветувањето на богојавленската вода и полагањето на крстот во водите, се симболизира ослободувањето од гревот што Христос му го донесе на родот човечки.

Вака отците од Бигорскиот манастир го објаснуваат празнување во спомен на Крштението Господово од раката на Св. Јован Претеча. Воедно и посочуваат како треба да се однесуваат верниците кои сакаат да се фрлат во водите по полагањето на крстот од свештениците на Македонската православна црква-ОА.

Во тој миг се случува осветување на сите води и секој што ќе се допре или пие од таа осветена и облагодатена вода, го чувствува Божјиот благослов, се исполнува со голема сила и му се дава духовно и телесно здравје, но само доколку со вистински страв Божји и побожност пристапува кон оваа голема тајна, велат монасите од Бигорски.

Затоа е многу важно учесниците во чинот на полагањето на крстот во водата претходно да учествуваат и на Божествената Литургија со примање на Светата причест.

Vodici S
Всушност, според монасите овој чин не треба да биде сфатен како еден обичен ритуал, ниту некаква натпреварувачка игра на којашто целта е само да се фати крстот, туку учесниците после Литургијата треба со литија да се упатат кон местото каде што ќе се осветуваат водите, и тука со најголема почит и внимание да ги слушаат прекрасните молитви на водосветот, без непристојно однесување и викање, бидејќи така си го отфрлаат благословот.

Оној, пак, кој ќе се удостои да го извлече крстот што се допира до водите и ги осветува, и да му го врати на свештеникот, треба претходно да го целива со вера, да им даде и на другите околу себе да го целиваат за и тие да бидат благословени. Потоа да го однесе благословот и во својот дом кај своите ближни, зашто крстот треба да им стане она што ќе ги обединува сите во взаемна љубов и силна вера во Христа.

Ги замолуваме сите заинтересирани кои сакаат да земат учество во чинот на полагањето на крстот во водите на реката Радика, да се пријават кај отец Доситеј на телефон: 070 342 970

Уште еднаш од Бигорскиот манастир посочуваат дека сите што сакаат да бидат во водите на р. Радика, во мигот кога тие ќе бидат допрени од светиот крст, треба претходно да присуствуваат на божествената Литургија и свечената Литија, бидејќи Големиот водосвет е исклучително духовен и свет чин, а не некаков световен спектакл, или пак, натпреварувачка игра.

Распоред на празничните служби за Водици

07:00 – 08:30 ч. Божествена Златоустова Литургија

09:00 ч. – Почеток на торжествена Литија од храмот „Пресвета Богородица“ во с. Ростуше до „Ростушки мост“ на р. Радика.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *