Почетна Вести Како е организирана историската средба на Рускиот патријарх и Римскиот папа?
Како е организирана историската средба на Рускиот патријарх и Римскиот папа?

Како е организирана историската средба на Рускиот патријарх и Римскиот папа?

242
0

Шефот на одделот за надворешни комуникации на Руската православна црква, Иларион Алфеев, на прес конференција во Москва, потврди дека средбата на поглаварите на РПЦ и Римокатоличката црква се подготвува долго време. Иларион откри дека се подготвувала и средба на претходните двајца поглавари, Алексеј II и Јован Павле II во периодот на 1996-1997 година, но  интензивни преговори за организација на таква средба во  Австрија биле прекинати поради прашањата за кои не е постигнат договор.

Главната причина за прекин на тие разговори биле активностите на грчко-католиците во Украина и развојот на унијатството во таа држава.

-Сепак, Руската Православна Црква никогаш не ја отфрли можноста за организирање на ваквите средби во иднина, кога ќе се формираат потребните услови за нејзино спроведување, рекол Иларион во Москва.

Токму процесот на унијатство, кој во Украина добива интензитет во периодот од 1980-1990  е главната причина за нарушените односи меѓу Москва и Ватикан.

-Сепак, ситуацијата денес на Блискиот Исток, Северна и Централна Африка и во некои други региони каде екстремистите врши вистински геноцид на христијанското население, бара итни мерки и поголема интеракција меѓу христијанските цркви. Во тековната трагична ситуација, потребно е да се стават настрана внатрешните несогласувања и да ги обединиме напорите за спасување на христијанството во оние региони каде што е изложено на најтешко прогонство, изјавил Иларион Алфеев.

Тој тврди дека одлуката за средба на Патријархот Кирил и Папата Франциск била мотивирана исклучиво од овие причини. Синод на Руската православна црква побарал оваа  2016 година да се направат посебни напори и покрај останатите пречки меѓу црквите, Синодот одлучил итно да свика состанок на Патријархот Кирил и папата Франциск, со централна тема „пргонувањето на христијаните “.

Алфеев вели дека изминативе години имало бројни предлози во врска со местото на одржување на таква средба. Сепак, Патријархот Кирил не сакал таква средба се одржа во Европа. Совпаѓањето на датумот на посетата на Неговата Светост Патријархот на земји од Латинска Америка и Мексико и во посета на папата Римски обезбедила можност оваа средба да се одржи во „Новиот свет“

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *