
Како да стасате утре до Калишта за прославата на Мала Богородица?
Посебен сообраќаен режим и меки на безбедност презема струшката полиција за утрешното прославувањето на верскиот празник Мала Богородица околу манастирскиот комплекс Калишта.
Целта на целокупните превентивни активности е одржување на стабилна безбедносна состојба на подрачјето, елиминирање на можностите за вршење кражби и други казнени дела, за нарушување на јавниот ред и мир како и мерки за нормално одвивање на сообраќајот.
Со цел создавање услови за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот, за време на одбележувањето на празникот ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќајот.
Ограничено ќе биде движењето на моторните возила по регионалниот пат Струга-Радожда, поточно, сообраќајот на оваа делница ќе се одвива еднонасочно во насока од Калишта према Струга. Истовремено, сообраќајот према Калишта ќе се одвива по магистралниот пат Струга-Ќафасан со користење на локалниот пат што од селото Франгово води кон хотелот „Изгрев“.
=Заради безбедно одвивање на предвидените организациски активности за достојна прослава на верскиот празник, апелираме на почитување на предвидениот сообраќаен режим и насоките на полициските службеници што ќе го обезбедуваат подрачјето, соопштуваат од полицијата.