Јаков Стобиски: Законот за родова еднаквост е најголемото зло против жената

Date:

Share post:

“Предлог законот за ,,родовата еднаквост” е најголемото зло и опасност за жената во нејзиниот стремеж кон рамноправноста, но и легализација на насилството врз сето она што означува и претставува жената од страна на транс жените т.е биолошки мажи и транс родовата идеологија и сето тоа под превезот на некаква ,,борба” против насилството врз жените. Ова како порака го испрати екископот Стобиски Јаков, на трибината „Зошто НЕ за ‘сексуалното образование’ во училиштата“ во организација на Елеуса Фондација. Гости беа и Универзитетскиот професор Венко Андоновски, како и Гордана Гоџо од Коалицијата за заштита на децата.

-Начинот на кој овие два предлог закони ги третираат поимите род и родов идентитет правејќи остра дистинкција помеѓу поимите пол и род за биолошките, вистинските жени не значи изедначување, не означува социјална, политичка, економска рамноправност за која отсекогаш се залагал феминизмот што по мене е убаво и симпатично, но и неопходно. Напротив, цел на предлог законот за родова еднаквост, е сето она што значи жена во најпозитивен контекст да го сведе на конструкт во нечија глава и внатрешно субјективно чувство, кое што не само што не се потпира на биолошката реалност, туку целосно ја негира. Ако го прифатиме ова лудило во форма на закон и почнеме да ја градиме објективната реалност на основа на нечии внатрешни, субјективни чувства, ќе отвориме врата за една широка и сеопфатна психопатологија, вели Викарениот Епископ Стобиски г.Јаков.

Во продолжение видео од целото негово обраќање на трибината.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Архиепископот на Финска во посета на Патријаршијата на Грузија

Митрополиот Шио (Мужири), местобљустител на патријаршискиот престол и Митрополит на Сенаки и Чхоротску, го прими Архиепископот Илија од...

Патријархот и националистите на ист пат: Литија како сигнал за нова православна политика

Во руската престолнина пред извесно време се одржа голема православна литија по повод верскиот празник Собор на московските...

Одбележана 565-годишнината од пренесувањето на моштите на светиот крал Милутин во Софија

Српската и Бугарската православна црква заедно одбележаа 565 години од пренесувањето на моштите на светиот српски крал Милутин...

Јубилејна литургија по повод 50 години од осветувањето на храмот „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров

На 9 ноември 2025 година, по повод 50-годишнината од осветувањето на храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во...