Сиљановска-Давкова со македонските православни верници од новоформираната црковна општина во Халејн

Date:

Share post:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера, во пресрет на 22. Европски самит во Салцбург, се сретна со македонските православни верници од Халејн, Австрија, кои неодамна ја формирале црковната општина „Св. Архангел Михаил“.

Средбата се одржала пред црквата „Св. Антониј“, каде што Сиљановска-Давкова била пречекана од најмладите членови на македонската заедница, облечени во македонски носии.

На средбата претседателката ги информирала верниците за Националната стратегија за дијаспора и Советот за дијаспора, активностите поврзани со Изборниот законик, како и за евроинтеграциите.

Македонските православни верници, пак, ја запознале со работата и животот на македонската заедница во Халејн, при што изразиле задоволство од односот на австриската држава и општество кон нив.

Посебна благодарност тие упатиле до Маркус Данер, раководител на Парохискиот сојуз на Халејн, за можноста македонската православна заедница да го користи просторот на Католичката црква за вршење на своите верски обреди.

Новоформираната црковна општина „Св. Архангел Михаил“ ги обединува македонските православни верници во Халејн, кои за своите богослужбени потреби го користат просторот на Католичката црква „Св. Антониј“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img