Почетна Политичка теологија Платформата за родова еднаквост со порака до црквата да стои подалеку од женските права
Платформата за родова еднаквост со порака до црквата да стои подалеку од женските права

Платформата за родова еднаквост со порака до црквата да стои подалеку од женските права

137
0

Платформата за родова еднаквост и порача на црквата да стои подалеку од женските права. Тие остро се спротивставуваат на делувањето на МПЦ против донесувањето на законот за родова еднаквост и воведувањето на сеопфатно сексуално образование во училиштата. Ваквата реакција доаѓа после трибината на фондацијата Елеуса насловена ,,Зошто не за сексуалното образование во училиштата, на која говореше и викарниот епископ Стобиски Јаков.

Според платформата Ваквото делување на црквата е антиженско, антихуманистичко и противуставно бидејќи претставува замешување на религијата во донесувањето на законите.

Со ваквото делување се напаѓа уставниот поредок според кој Северна Македонија е секуларна држава, што значи дека МПЦ или која било друга верска организација не треба да се впушта во обликување на закони и политики кои не го уредуваат работењето на верските заедници.,, стои во реакцијата од Платформа оза родова еднакваст.

Реагираа и од министерството за труд и социјална политика. Велат на трибината била користена реторика спротивна на основните принципи за човекови права врз кои се заснова Предлог Законот.

Целта на законот е да се обезбеди остварување на потполна родовата еднаквост, преку зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење за целосно надминување на пречките и создавање услови за остварување на потенцијалите на сите луѓе, без разлика на полот, родот и родовиот идентитет… велат од Министерство за труд и социјална политика.

На трибината која пред неколку дена се одржа во Струмица владиката Јаков ги повика пратениците, а особено пратеничките да бидат внимателни со носењето на законот за родова еднаквост кој меѓу другото   давал можност за легитимитет на насилството врз жените од страна на биолошките мажи.

/Сител

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *