
Тренчевска најавува дека Законот за родова еднаквост ќе обезбеди еднакви позиции за мажите и жените
Суштината на законот за родова еднаквост е да ги зајакне механизмите кои постојат во општините, во министерствата и воопшто во сите органи на државната управа, вели министерката за труд и социјала Јована Тренчевска.
Според неа законот треба да овозможи и жените и мажите да имаат исти стартни позиции, не само де јуре имплементација на тој концепт, туку и де факто и во реалноста да се види еднаквоста на жените и мажите. Тренчевска потенцираше дека одредени сегменти презентирани на трибината во Струмица не ја дефинираат суштината на законот и најави средба со претставниците од Струмичка Епархија.
На повикот од невладините организации до струмичкиот градоначалник да се огради од трибината и ставовите на црквата тој возврати со прашањето , кому му смета слободата?.
Вели дека не чувствува должност како градоначалник, а уште помалку како човек да се оградува од ставовите на црквата затоа што таа имала право на свој став.
Костадинов упати апел до сите организации што го побарале тоа од него и советниците во најкратко време да се извинат бидејќи тоа ги повредувало чувствата на сите граѓани на општина Струмица.
Kako možat da se ramnopravni mažite i ženite?. Mažot ima pravo da stapi vo brak so žena, pa dali toa pravo i pripađa i na žena da bi bila izednačena so mažot.