Почетна Вера ИВЗ Почнуваат рамазанските пости, поглаварот повика на добри дела и почитување
1

Почнуваат рамазанските пости, поглаварот повика на добри дела и почитување

922
1

Од вечерва почнуваат раамзнските пости, кои ќе траат се до големиот празник на Муслиманите Рамзан Бајрам. Вечерва веше првиот ифтар по зајдисонце, а утре рано наутро прд изгрејсонце ќе биде првиот ифтар.

Поглаварот на ИВЗ, година Реисул-Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, во пораката ги повика верниците на добри дела и почитување.

Почитувани верници, браќа и сестри и наши сограѓани,
Имам особено задоволство што по повод доаѓањето на мубарек месец Рамазан, на сите верници и на сите луѓе со добра волја им се обраќам со срдачни честитки да им честитам почетокот на овој месец, кој е од особено значење за муслиманските верници насекаде во светот.
Најпрвин му благодариме на Возвишениот Бог, со чија дозвола вечерва го започнуваме постот, кој е специфичен ибадет на месецот Рамазан и кој ибадет, го прави овој месец да биде величествена манифестација со сета своја содржина и виталност, којшто сам по себе пренесува многу пораки, не само за муслиманите туку и за целото човештво.
Најнеопходна порака за времето во кое живееме, што Рамазан му ја пренесува на нашето општество е пораката за мир, добрина и хуманост. Оваа порака се рефлектира преку солидарност и милосрдие кон луѓето на кои им е потребна, бидејќи со тоа што не јадеме или пиеме, најдобро разбираме што значи да се биде мразен и да се биде сиромашен. Преку оваа порака се создаваат мостови меѓу богатите и сиромашните, а во срцата на луѓето буди љубов и сочувство.
Пораката за зближување исто така е порака којашто ни ја пренесува овој благословен месец. Динамиката на модерното време, како и различните човечки потреби предизвикаа луѓето да се оддалечат едни од други, се оддалечат дури и најблиските членови на семејството. Преку семејните ифтари и суфири, Рамазан го обновува семејното единство, вертикално и хоризонтално.

Друга многу важна порака што ни ја пренесува овој благословен месец е подигнувањето на моралот во општеството бидејќи Рамазан, го подобрува однесувањето на тој што пости со тоа што го отстранува од лошите дела, бидејќи постот не е дијета, или едноставно воздржување од храна, пијалок и страст, иако овие елементи го сочинуваат правниот аспект на валидноста на постот, но суштинската цел на постот е да го подигне моралот и побожноста на човекот.
Исто така, Рамазан во општеството ја пренесува пораката за учење, школување и образование, бидејќи во овој месец се објави величествениот Куран. Во овој аспект, Рамазан со право може да се смета за месец на науката, образованието, книгата, моливот, писмата и пишувањето. Правилното и суштинско разбирање на овој карактер на Рамазан носи придобивки не само за нас, туку и за целото човештво, бидејќи научните достигнувања не се монопол на одредени народи, туку се општи вредности од кои имаат корист сите луѓе.
Браќа и сестри, драги верници,
Дозволете ми, на крајот во име на Исламската верска заедница на Република Северна Македонија, нејзините органи и образовни и едукативни институции, како и од мое лично име, вам и на нашите сонародници кои живеат и дејствуваат во западните земји, Ви посакувам лесен пост. Нека преовладува мир насекаде во светот, љубов еден кон друг, кон нашите семејства, кон пријателите, кон соседите, но и почит и толеранција кон нашите сограѓани без разлика на етничка и верска припадност.

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *