Изгоре црква стара 154 во Холандија

Date:

Share post:

Црквата Вонделкерк, стара 154 години, во Амстердам, Холандија, беше целосно изгорена во пожар на новогодишната ноќ, но никој не беше повреден, објавија холандските медиуми.

Властите рано утрово соопштија дека црквата е целосно изгорена. Пожарникарите сè уште се борат со пожарот што избувна кратко по полноќ за време на новогодишните прослави.

Пожарот предизвика уривање на делови од кулата и покривот, што доведе до евакуации и прекин на електричната енергија на околу 90 куќи во близина, објави NL Times.

Веќе нема стравувања од понатамошно уривање на црквата откако пожарот, кој е под истрага, беше изгаснат.

Вонделкерк е изградена во 1872 година и служела како римокатоличка црква до 1977 година. Оттогаш, се користи за разни настани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img