Почетна Вера Иванов со семејството в црква на Шапка
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Иванов со семејството в црква на Шапка

194
0

Во манастирскиот комплекс Свети Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка денеска беше одбележан зимскиот празник на овој светец воедно и патронен празник на манастирот. Традиционално на чествувањето присуствуваше и претседателот Ѓорге Иванов со семејството.

И покрај неповолните временски услови повеќе верници од Тетовско присуствуваа на одбележувањето. Чествувањето започна со света божестевена литургија со која чиноначалствуваше митрополитот тетовско гостиварски госпподин Јосиф заедно со повеќе свештенослужители.

Свети Наум Охридски Чудотворец е еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Тој успеал да го доближи црковното слово до верниците, посочи митрополитот господин Јосиф.

– Наоѓајќи заедно со сите Вас во ова наше светилиште на врв планина, со почитувачите на вечно живиот молитвеник пред бога преподобниот отец наш Наум охридскиот Чудотворец кој веќе 11 столетија е наше вечно запалено кандило пред Бога не можам, а да не се запрашам знаеме ли Ние да ги последуваме и да ги поддржуваме духовните великани од нашиот род, Тие примери на светост и молитва, на смирение и трпение, на подвиг, на преданост кон вистината. Неговата преданост кон делото на неговите учители светителите и просветителите Кирил и Методија продолжување на рамноапостолното дело. Ова и за Нас современите потомци на Свети Наум е една добра лекција дека треба и како треба да се опстојува, да се трудиме за единството, за она што ни припаѓа, што ни е наследство и аманет од предците, што ни е идентитет и наша одлика. Со тоа нема и не смее да има тргување затоа што судот и клетвата на народот се непремостливи и ненадминливи, како што не смее да има тргување и со духовните вредности, ни со православното учење и живеење, ни ос верата , ни со црквата, рече митрополитот Јосиф.

По отслужената литургија митрополитот Јосиф ги прережа кумските колачи во кои имаше парички што ги одредија кумовите за прославата на празникот за следната година, а потоа беше осветен и садот за крштевање што беше подарен на манастирот од верници. За сите кои присуствуваа на денешното одбележување на овој православен празник беше приредена заедничка трпеза.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *