Иван Парталоски го фати светиот крст во Вевчанските извори

Date:

Share post:

Осумнаесетгодишниот Иван Парталоски од Вевчани го фати светиот крст што денеска беше положен во студените води во Вевчанските извори.

vodici вевцаниПарталоски, кој четврти пат скока по светиот крст и првпат го фаќа, на сите им посака здравје, среќа и бериќет.

– Со Божја волја очекувам следната година среќа, бериќет и да ми се исполни се што си посакувам. Се надевам се ќе биде во најдобро светло и ќе успеам во сите полиња, рече Парталоски.

Тој беше најсреќен меѓу 15-тината верници што скокнаа во студените  извори во Вевчани каде температурата на водата беше 3 степени Целзиусови.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img