Почетна Вести Христијанство Историска Богослужба во Солун
bigorski solun 8
bigorski solun 6
bigorski solun 5
bigorski solun 4
bigorski solun 3
bigorski solun 2
bigorski solun 1
bigorski solun 7

Историска Богослужба во Солун

947
0

Атинската Архиепископија го официјализира признавањето на Охридската Архиепископија со официојално слослужување на архиери на двете цркви, што се случи викендов во Солун.

Со благослов на Архиепископот г.г Стефан и на Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, Епископот Антаниски, г. Партениј отслужи историска Богослужба во црква во Солуна, а со него сослужуваше Архимандритот на ГПЦ, Амвросиј, заедно со монашкото братство на Бигорски.

Богослужбата што се одржа во неделата на 17 јули 2022 година, за време на која Црквата го празнува споменот на Светите Отци од Четвртиот Вселенски Синод и на Светата великомаченичка Марина, беше на грчки и на македонски јазик, што му дава историска тежина на настанот.

-Високопреподобниот Архимандрит г. Амвросиј, старешина на нејзиниот храм и особено драг пријател на Бигорската Обител, го повика нашиот возљубен Старец и Игумен, Епископот Антаниски г. Партениј, кој одамна имаше желба да богослужи пред нејзината чудотворна икона, да отслужи света архиерејска Литургија, во нејзина чест и слава. Впрочем, со благослов на нашиот почитуван Архиепископ, Неговото Блаженство г г. Стефан и на почитуваниот Митрополит, Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј Дебарско-кичевски, ова беше првото архијерејско служење на нашиот Старец во Солун и како што ѝ доликува на Онаа Која е Прва по Светата Троица, тоа се случи во нејзината славна црква. Пред очите на нејзиниот милостив лик од чудотворната икона Панагуда Скоропослушница, Старецот, заедно со нашиот гостољубив домаќин, Архимандритот г. Амвросиј и со бигорски јеромонаси и јероѓакон, отслужи Божествена Евхаристија, соединувајќи ги верните со Господа Исуса Христа. А среде нив, освен локалните жители и духовни чеда на Старец Амвросиј, беа и неколку десетици верници откај нас, а и сестри монахињи од Манастирот на Богородица Пречиста Кичевска. На певниците, пак, рамо до рамо грчкиот византиски хор, пееја и нашите протопсалти од хорот за источно-православно пеење „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, велат од Бигорски.

-Неправдата која постоеше со години беше поправена од срцето и од рацете на нашиот Сесвет Вселенски Патријарх, г. г. Вартоломеј и од него раководниот Свештен Синод и грижата на Мајката Црква повторно ја претвори горка вода во жива вода, како што некогаш, кога Светите Кирил и Методиј, за време на својата мисионерска мисија се најдоа на безводно место и најдоа вода во солено мочуриште, па не можејќи да пијат, се помолија и водата, преку благодатта Божја, се претвори во слатка како мед и свежа. Во единство, значи, под заедничката чаша, прифатете го овој скромен, но за нас многу симболичен дар, елеј и вино, како симбол за исцелението на раната на сега веќе стариот раскол, како што е споменато во соодветната одлука на Свештениот и Свет Синод на Вселенската Патријаршија: „елеј и вино за раната на нашите православни браќа таму“. Најпосле, во спомен на нашето пријателство, најважното нешто што би можеле да Ви го принесеме е овој маслинов венец, кој ја отсликува „верата на праведните“ и е вечен симбол на мирот и надежта за сите нас, изјавил Архимандритот Амвросиј по службата.

Владиката Партениј пак , во знак на благодарност за срдечниот примен, му подари на домаќинот архимандритски крст, изработен во спомен на илјадагодишнината од основањето на Бигорската Обител.

-Небосјајни се духовните и цивилизациски придобивки што ние како народ и помесна Црква сме ги добиле, најнапред од Првопрестолната Мајка Црква, а потоа и од братскиот грчки народ и неговиот православен етос и предание. Одовде ги добивме просвештението и крштението, одовде ја добивме нашата цивилизациска ипостас. Но, не само во старо време, туку и во најново, во наши дни, ние еве, вкусуваме добротворства од нашите браќа во Христа. Доволно е да се спомне улогата што Градината на Пресветата Богородица ја имаше во обновувањето на монашкото општежитие кај нас; помошта и благословот од Православната Црква на Грција за образувањето на наши студенти на локалниот Теолошки факултет; а, сосема неодамна, од Вселенската Патријаршија во Константинопол ни стаса и радосната вест за прифаќањето на Охридската Архиепископија во евхаристиско и канонско општење со сета Православна екумена, што за нас преставува мистично соединување во светот на Светиите. Православна Грција отсекогаш била сокровиште и чувар на свештеното православно предание и на исправното богословие. Таа го запази тоа бесценето богатство и во минатиот век, кога останатите православни земји се наоѓаа во духовна темнина под комунистичките режими. Навистина, кај сите кои доаѓаа од земјите каде што беше прекинат континуитетот на православното живеење, преданието што се чуваше во Грција им предизвикуваше восхит и страхопочит, а и поттик да влезат во храмовите и да ја вкусат убавината на Православието, па оттаму да ја пренесат и во своите краишта. Во тој поглед, таа одново се јави како просветителка и како силно запалено кандило на православната вера, потенцирал Партениј.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *