Почетна Вести Регион Иринеј: Не ја признаваме Украинската црква
Иринеј: Не ја признаваме Украинската црква

Иринеј: Не ја признаваме Украинската црква

297
0

Српската православна црква нема да ја признае „новата црква создадена во Украина“, изјави патријархот на СПЦ, Иринеј за ТВ Русија 1.

„Тие испратија покана, но ние одговоривме дека не сакаме да присуствуваме. Ние нема да ги признаеме“, одговорил Иринеј на прашањето дали добил покана од украинскиот митрополит Епифаниј да присуствува на устоличувањето.

Минатата недела Иринеј за време на состанокот со Патријархот Московски и на цела Русија, Кирил изјави дека она што се случува со Православната Црква во Украина наликува на бомба фрлена врз сопствената куќа.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *