Почетна Вести Регион Имамите од Бугарија на „печалба“ на Запад
Имамите од Бугарија на „печалба“ на Запад

Имамите од Бугарија на „печалба“ на Запад

213
0

Во Бугарија се затворени 666 џамии, бидејќи не им биле исплаќани плати на имамите. Затоа тие заминаа да работат на запад, изјави поранешниот главен муфтија Недим Генџев.

Според Геџжев, во Бугарија доаѓале да проповедаат имами обучени во Турција, додека тие кои се обучувани во Бугарија заминуваат да работат во странство, на пример во Германија, каде заработуваат 1.500 до 2.000 евра.

-Вкупно 10 милиони лева (пет милиони евра) годишно се потребни за целокупната поддршка на исламската вероисповед в во Бугарија, вели секретарот на Главното муфтиство Џелал Фаик.

Изјавата доаѓа по повод намерата на бугарската држава да го промени начинот на финансирањето на верските установи и да стави крај на странските готовински текови во духовните училишта.

-Ја одобруваме идејата на државата да воведе финансиски фонд за едукација и квалификација на имами. Ова ќе го спречи влегувањето на радикалниот ислам во Бугарија, изјави во студиото на „Здраво, Бугарија“ поранешниот главен муфтија, Недим Геџжев.

Во Бугарија во тек е дебата дали државата може да го спречи влегувањето на радикалниот ислам и дали идејата за образување на имамите  ќе довде до напнатост кај муслиманската популација.

/експрес.мк

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *