
Незир Салиховиќ, имам од Бор џамијата во Нови Пазар, брутално бил претепан со метален предмет.
Доцна синоќа, по вечерната молитва, во близина на познатата Бор-џамија бил претепан и со тешки повреди префрлен на хируршкото одделение во новопазарската болница.
Како што пишуваат тамошните медиуми, тој бил пречекан на улица во близина на џамијата од група мажи и брутално нападнат. Дежурниот хирург во Општата болница на Нови Пазар рекол дека имамот е довезен со возила на Итна помош и дека се здобил со тешки повреди, но не е во ивотна опасност.
„Има повреди на лицето, главата, градниот кпш, двете раце и колената. Констатирани се повреди во пределот на ребрата, нагмечувања на главата и потрес на мозкот. Пациентот засеа не е животно загрозен, стабилен е , но комуникацијата со нео е оневозможена“, рекол хирургот.