Почетна На иста страна Имам или Поп – во улога на мирот
Имам или Поп – во улога на мирот

Имам или Поп – во улога на мирот

628
0

ЗИП Инситут за локална самоуправа во соработка со Скопското муфтиство, Скопската епархија и некои скопски општини со мешан религиозен состав, го промовираа проектот „Имам или Поп? Било кој, само во улога на мирот!”, проект кој се спроведува во рамките на проектот “CIVICA Mobilitas” финансиран од Швајцаркската амбасада, јавува Anadolu Agency (AA).

ProektПроектот има за цел да се подобрат меѓуверските односи во Македонија, особено по случајот на поставување орел во Чаир и планот за поставување на крстот во Бутел. Преку овој проект се стреми да се спречи ескалација на состојбата и да не се повторуваат вакви случаи во општините со мешан религиозен состав.

Од страна на Исламската верска заедница и Македонската православна црква велат дека последните настани кои ги зголемуваат меѓурелигиски тензии се организирани од страна на политички партии за политички цели.

Претставникот на Исламската верска заедница, имамот Фатмир Заими, рече дека последните настани не се религиозни спорови туку политички спорови, организирани од политичка партија.

-Во повеќе случаи, вклучувајќи ги и последните во Чаир, претежно беа политички, а не верски, како во албанската заедница, така и во македонската заедница”, рече Заими.

Претставникот на Македнската православна црква, свештеникот Ивица Тодоров, рече дека кај оние луѓе кои навистина ја почитуваат својата вероисповест, постои толеранција, разбирање и почитување на едни со други.

-Во врска со настаните што се случуваат во нашата земја, сите панелисти, но и учесниците во промовирање на проектот, се согласивме дека на Македонија ѝ треба посериозна правна држава. Ние живееме во заедничка држава и во владата има претставници на двете заедници кои треба да бидат чинители во регулирање на државата. Гледаме дека политичка криза не е предизвикана од страна на муслиманите или православните, туку тоа е еден друг извор”, рече Тодоров.

Во спроведување на овој проект се вклучени претставници на Исламската верска заедница и на Македонска православна црква, со цел заедно со различни обуки да дејствуваат во надминување на етничките предрасуди.

/АА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *