
175
0
Терористичката организација Исламска држава је презеде одговорноста за нападот врз коптската православна црква во Каиро во кој загинаа 25 луѓе.
Нападот се случи во неделата во текот на една прослава во црквата Свети Петар и Павле. Во соопштението на ИД на интернет се наведува дека станува збор за бомбаш самоубиец.
Православните Копти сочинуваат најголем дел од христијанската заедница во Египет, која пак е најбројна и една од најстарите на Блискиот исток.