Почетна Вести Христијанство Епископ на финската црква во посета на МПЦ-ОА во Бигорскиот манастир
Епископ на финската црква во посета на МПЦ-ОА во Бигорскиот манастир

Епископ на финската црква во посета на МПЦ-ОА во Бигорскиот манастир

968
0

Епископ на Православната црква на Финска, со уште триесетина млади верници и неколку свештеници се гости на МПЦ-ОА во Бигорскиот манастир. Групата ја предводи Митрополит на Оулу Илија, а гостите имале средба со Епископот Партениј.

-Тие ја избраа Бигорската Обител, за да се запознаат со монашкиот начин на живот. За време на престојот има можност да се запознаат со мисијата и со секојдневието на нашето братство, препознавајќи го автентичниот дејствителен православен дух на нашиот Старец и Игумен, Епископ г. Партениј, и на монашките заедници под негово духовно раководство. Особено впечатлива и трогателна беше средбата на групата со нашиот возљубен Старец, со кого разговараа за историјата на манастирот и за монашкиот живот. Всушност, желбата да се сретнат и да поразговараат со него им беше главната цел заради која допатуваа дури дотука. Одговарајќи со родителска љубов на нивната добра желба, Старецот од срце им говореше за благодатниот живот во Христа, споделувајќи со нив примери од своето лично искуство. Тој исто така, им кажа прекрасни видувања и искуства за монашкото жителство. Младите со внимателност го слушаа и му поставуваа прашања, видно допрени од неговите топли и полни со доживеана мудрост зборови, велат од Бигорски.

Автономната Црква на Финска брои има 56.000 православни Христијани. Составена е од три епархии, на чело со Архиепископот Лав. Таа е црква во која се црквуваат верници што зборуваат различни јазици, а со тоа и богослужбите се извршуваат на разнични јазици. Со Томос за автономија од Вселенската патријаршија постои од 1923 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *