Почетна Вести Мажи во Иран носат хиџаб од солидарност кон своите сопруги
Мажи во Иран носат хиџаб од солидарност кон своите сопруги

Мажи во Иран носат хиџаб од солидарност кон своите сопруги

455
0

Мажите во Иран носат хиџаб како начин да покажат солидарност кон жените во државата, кои се принудени да ги покриваат своите глави во јавност.

hidzab 3Носењето на хиџаб е строг пропис на таканаречената „полиција на моралот“ во Иран. Ваквото правило постои од Исламската револуција во 1979 година. Жените кои не носат хиџаб или се смета дека носат „лош хиџаб“ со тоа што имаат дел од својата коса оставено надвор или го покажуваат лицето, се соочуваат со различни казни, од кои најсериозна е затвор.

Државни реклами кои се појавуваат на билборди низ Иран ги претставуваат тие кои не носат хиџаб како разгалени и без достоинство. Жените се учат и дека доколку не се покриваат целосно, ризикуваат да бидат сексуално злоупотребени од маж.

Но, жените започнаа различни протести против задолжителниот хиџаб низ цела држава, а некои од нив ги бричат своите глави за да можат да се појават во јавност без вел.

Во текот на изминатата недела, голем број мажи се појавија на фотографии, носејќи хиџаб, со својата сопруга или роднина чија коса е откриена до нив.

hidzab 5Сликите се споделуваат после повик од Масих Алинеџад, иранска активиста и новинарка која живее во Њујорк. Таа ги повика мажите да ја поддржат во нејзината кампања против задолжителниот хиџаб.

hidzab 4Алинеџад ја води My Stealthy Freedom кампањата и често споделува фотографии од жени кои живеат во Иран и кои уживале во момент на„скриена слобода“, вадејќи го својот хиџаб надвор од домот. Ги замолила мажите да и помогнат, популаризирајќи го хаштагот #meninhijab.

-Повеќето од овие мажи живеат во Иран и посведочиле колку нивните роднини страдат од полицијата на моралот и понижувањето поради задолжителното носење хиџаб“, вели таа.

hidzab 2-Со години, од детство до станување жена, сме принудени да го носиме хиџабот и да го издржиме губењето на нашето достоинство. Многу мажи се навикнаа да гледаат жени во задолжителен хиџаб секој ден, и мислат дека тоа е нормално. Но, за милиони ирански жени, тоа е навреда за нивното достоинство“, додава.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *