Почетна Вести И католички свештеник во ритамот на танцот

И католички свештеник во ритамот на танцот

202
0

Свештеникот на грчката православна црква, кој се фати за ори на една грчка свадба и стана хит на социјалните мрежи, не е единствениот кој има талент за играње.

Своите музички и танцувачки способности ги покажа и еден француски свештеник од Католичката црква, кој исто така стана доста популарен на социјалните мрежи.

tanc 2На светските денови на младите, што се одржуваат во Краков, Полска, Отец Франк Легро предизвика вистинска еуфорија со неговите танцувачки способности на настанот кој имаше за цел да испрати одговор на стравот преку радост и танц.

Станува збор за 45 годишен свештеник во Евре, Франција. Легро пред да се посвети на Бога, бил професионален танчер кој добил златен медал во Руан во 1990 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *