Рускиот патријарх Кирил се чини дека се надмина себе си во последната честитака што ја испратил до рускиот претседател Путин за денот на Русија.

Големиот водач на Православието, кој сака да биде поглавар на Третиот Рим, му испратил честитка на Путин во која демонстрира скандалозна потлинетост, што не е своиствено еден црковен лидер да демоснтрира таков полтронизам кон еден световен лидер.
Кирил е просто воодушевен од Путина како тој раководи со Русија, која денес на целиот свет ми покажала што е вистини соверенитет.
Еве како гласи честитката на Кирил до возвишениот Путим.
„Ваша Екселенцијо, длабоко почитуван Владимир Владимирович,
Срдечно Ви го честитам Денот на Русија. Со задоволство сведочам дека под Ваше раководство Русија денес му покажува на целиот свет пример на вистински суверенитет и самобитност, успешно општествено и економско развивање, како и хармонично поврзување на технолошкиот напредок со приврзаноста кон традиционалните морални вредности.
Особено би сакал да Ви заблагодарам за постојаното внимание кон животот на Руската православна црква. Убеден сум дека, обединувајќи ги напорите на државните институции, верските и општествените организации, како и на сите луѓе со добра волја, и понатаму ќе бидеме способни да ги надминуваме сите тешкотии и искушенија, како и да ја чуваме и браниме нашата сакана Татковина. Ви посакувам душевна и телесна крепост, изобилна Божја помош и успеси во Вашето понатамошно служење на високата и одговорна должност претседател на Руската Федерација. Со длабока и искрена почит“.


Едноставна честитка, така и треба да биде. Значи, ова е честитка за Денот на Русија од Поглаварот на Руската Православна Црква до Претседателот на Руската Федерација.
Тешко е да се сфати како им изгледа на завидливите очи, но ако го тргнете мракот што ве отрул, ќе видите дека таму не пишува ништо невистинито или неумесно.