Во кичевско Кнежино беше поставен камен-темелникот на новиот православен храм „Св. Јован Крстител“.
Осветувањето на на камен-темелникот го изврши митрополитот Дебарско-кичевски Георги, во сослужение со свештениците од Кичевската парохија.
На настанот присуствуваше градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски, пратеникот во Собранието на Република Македонија, Ѓорѓија Сајкоски, градоначалникот на Општина Дебарца Златко Сиљаноски, градоначалникот на Општина Македонски Брод Жарко Ристески, како и голем број жители на Кнежино, Кичево и околните населени места.
-Изградбата на храмот претставува значаен духовен и општествен проект за локалната заедница, а новата црква се очекува да стане место за богослужба, духовно издигнување и зачувување на православната традиција. Свеченоста помина во духот на заедништво, вера и надеж, означувајќи почеток на ново поглавје за православните верници во Кнежино, напиша хградоначалникот на Кичево на Фејсбук.

