Почетна Вести Европа Кирил му порача на Путин да владее до крајот на светот
Кирил му порача на Путин да владее до крајот на светот

Кирил му порача на Путин да владее до крајот на светот

267
1

Рускиот патријарх Кирил му посакал на Владимир Путин да остане на власт до крајот на светот. Кирил тоа гом изјавил на инаугирацијата на Путин за нов претседателски мандат.

-Божиот благослов, закрилата на Царицата на небвесата да бидат со Вас за време на сите денови од вашиот живот, до крајот на светот, како велиме ние. Јас би додал да даде Бог крајот на светот да биде и крај на вашето управување во власта. Вие имате се, за да ја исполните таа голема служба на Татковината, долго и успешно, изјавил Кирил.

Оваа негова изјава наиде на потсмев. Луѓето се прашуваат дали Патријархот му посакал на рускиот претседател бесмртност, или го поврзува постоењето на светпт со животот на Путин. Дел теолози пак овој говор го толкуваат како Богохилие во кое Кирил го поистоветува Путин со Христос „Јас сум со вас до крајот на светот“.

Коментар(1)

  1. Како и од страна на разни други злонамерници, извадени од контекст и изопачено толкувани зборовите на Московскиот Патријарх во таа прилика. “Дај Боже да владеете до крајот на Вашиот живот” (формулацијата на руски е таква што истовремено посакува и долг живот и владеење до крајот на животот) е точниот превод на тој благослов на Патријархот Кирил, а не некакво посакување светот да заврши со упокојувањето на Путин, какво што е бизарното толкување на ревносните противници. Денес користењето на сензационалистичките апетити на лековерниците е извор на лебот на мнозина таблоидни новинари. Вчудоневидува секако некадарноста еден неистомислен аналитичар да се соочи на пример со следните зборови на Патријархот Кирил во неговото обраќање до Валдимир Путин на инаугурацијата: “Доволно е да се спомене Светиот благоверен кнез Александар Невски, близок и Вам и мене, бидејќи обајцата сме од Санкт-Петербург. Тој не ги жалеше непријателите, па се прослави како свет, бидејќи едно дело е да ја зашитутваш земјата од непријателот, а сосем друго да разоруваш лево-десно, одгонувајќи ги своите фобии или заради интересите на својата кариера.” Има уште многу што да се каже на оваа тема, но мотиките и лопатите со кои се закопувате себеси се повеќе ид доволни.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *