Почетна Вести Регион И Србија ќе го слави денот на Светите Кирил и Методиј како државен празник
И Србија ќе го слави денот на Светите Кирил и Методиј како државен празник

И Србија ќе го слави денот на Светите Кирил и Методиј како државен празник

772
0

Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј 24 мај конечно ќе стане државен празник во Србија. Од оваа година, како што најави министерот за култура и информации на Србија, Владан Вукосављевиќ Србија ќе се приклучи кон словенските држави кои веќе одамна го одбележуваат денот на Светите Кирил и Методиј како државен празник.

-Ние во овој момент сме единствена словенска држава во која Денот на Свети Кирил и Методиј не е државен празник. Сите други држави овој ден го одбележуваат како државен празник и неработен ден, изјавил српскиот министер за Култура.

Засега најавите се дека овој ден ќе се одбележува само како државен празник, но ќе биде работен ден во Србија, пред се поради многуте неработни денови кои ги има оваа држава во текотр на годината.

-Ако пратениците позитивно одговорат на идејата, ние ќе го надоместиме културолошкиот застој во симболичка смисла. Сметаме дека одбележувањето на делата и споменот на Светите Кирил и Методиј е разумна работа која се темели на принципите за културните политики на ова министерство, изјавил Вукосављевиќ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *