
Бугарската православна црква одлучи да биде новиот кочничар на подготовките за одржување на долгонајуваиот Вселенски собор.
Ако одлуката Вселенскиот патријарх Вартоломеј да го признае Ростислав за Архиепископ на Чешката и Словачка православна црква, навестуваше позитивни сигнали за растеретување на односите во Православната црква и можност за надминување на проблемите, сега и БПЦ му поставува услови на Патријархот во Цариград, во спротивно се заканува дека нема да се појави на подготвителната конференција на ниво на поглавари во Шамбези –Женева, закажана за следниот четврток.
Синодот на БПЦ, синоќа и официјално постави ултиматум со три услови од чие исполнување ќе зависи учеството на Патријархот Неофит во Шамбези.
Првиот услов што го испорача БПЦ е Светиот Синод да го добие дневниот ред прфед одржувањето на средбата.
Со вториот услов, можеби и најкомплициран, Бугарската црква бара учество на сите поглавари на автокефалните цркви како исклучително важен момент за да можат да се носат решенија кои ќе бидат со консензус, став кој го застапува Руската црква.
Третиот услов е поврзан со признавањето на Ростислав за Архиепископ на Чешката и Словачка црква, проблем кој веќе е надминат.
Најкомолициран е вториот услов, со кој БПЦ бара учество на сите Поглавари. Овој услов речиси со сигурност нема да може да биде исполнет, бидејќи грчкиот Архиепископ, Јероним нема да може да присуствува, но наместо него во Шамбези од ГПЦ ќе има тројца митрополити. Засега нема ниту официјален став на Руската православна црква, дали Патријархот Кирил ќе допатува во Швајцарија, или пак ќе испрати други претставници.
Иако БПЦ и Вселенската патријаршија изминатиов период имаа големи меѓусебни недоразбирања, сепак во соопштението на Синодот од Софија нема услови во тој дел.