Почетна Вести И Англиканската црква ќе се моли за Сеправославниот собор
И Англиканската црква ќе се моли за Сеправославниот собор

И Англиканската црква ќе се моли за Сеправославниот собор

193
0

Архиепископот на Кантербери и поглавар на Англиканската црква упатил писмо до претставниците на Црквата на Англија и модераторите на Обединетите цркви, повикувајќи ги на молитва за духовните водачи на Православната Црква, кои се подготвуваат за учество во Светиот Собор на крајот на овој месец.

Krit-Akademija-Sobor 1Архиепископ Џастин Велби, неодамна се врати од посета на Кападокија, едно од древните места на христијанството, каде што се сретнал со Вселенскиот патријарх Вартоломеј I, неколку дена пред почетокот на Светиот и Велики Собор на Православната Црква.

-Оваа средба, која беше подготвувана во текот минатиот век, ќе биде прва по 1000 години на православните духовни водачи, пишува архиепископот Велби во писмото, наведувајќи дека му ветил Вселенскиот патријарх дека ќе се моли за него и за оваа средба.

-Ве повикувам вас и англиканите од целиот свет да се спојат во молитвата, за Светиот Дух да ги води и благослови духовните водачи на Православната Црква, собрани на островот Крит за Светиот Собор, на денот на Педесетница на 19 јуни. Се молам да се сетите во молитвите за патријарх Вартоломеј и сите собрани во Крит. Споменувајте ги во секојдневни молитви во знак на длабока љубов и солидарност во пазувите на Телото Христово “,пишува поглаварот на Англиканската црква.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *