Почетна Вести Груевски организираше Ифтар вечера
Груевски организираше Ифтар вечера

Груевски организираше Ифтар вечера

210
0

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вчера вечерта организирал ифтар вечера за рамазанските пости, на која присуствувале членови на Владата, министри и други функционери, како и членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и на коалициските партнери кои се од муслиманска вероисповед.

gruevki iftar-Ние веќе го направивме ова еден вид традиција, трета година по ред. Секоја година во периодот кога е овој муслимански празник организираме барем по една ифтар вечера. Сакам на сите што сте од муслиманска вероисповед да ви го честитам празникот, да ви посакам многу здравје, здравје и во вашите семејства, на вашите најблиски, да ви посакам хармонија, мир во душата, успеси, среќа и радост во вашите семејства и во вашето опкружување и да се радуваме заедно на наредната победа на изборите, потенцирал Груевски на вчерашната ифтар вечера.

Албанците и Македонците муслимани, како и сите останати етникуми го поздравиле овој гест на ВМРО-ДПМНЕ за организирање на ифтар вечера кој веќе преминува во традиција.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *