Почетна Анализа Грчкиот владика Јеротеј: На Крит документите се потпишуваат под силен притисок врз владиците
Грчкиот владика Јеротеј: На Крит документите се потпишуваат под силен притисок врз владиците

Грчкиот владика Јеротеј: На Крит документите се потпишуваат под силен притисок врз владиците

774
0

Митрополитот Јеротеј (Влахос) еден од најпознатите современи богослови, дел од Грчката Православна Црква и учесник на Соборот на Крит, јавно ги образложи причините поради кои не ставил потпис на некои од документите усвоени на Големиот и Свет Собор.

Навпактскиот Митрополит во изјава за грчките медиуми вели открива и скандалозен однос на претставници на организаторите на Соборот, кои вршеле притисок врз владите да ги потпишат документите, Тој сепак одбил и вели дека причините за одбивањето да се потпише на документите се исклучиво богословски.

1Јеротеј не го потпишал документот за „Односите на Православната црква со останатиот христијански свет“, а за документите „Мисијата на Православната Црква во современиот свет“ и „Тајната брак и пречките за нејзе“, ставил потпис, но забелешки.

Грчкиот владика за медиумите ги опишал и настаните кои се случувал за време на состаноците на Крит, од кои се гледа дека за многу прашања имало многу различни погледи.

-Јас мислам дека Соборот ан Крит практично ги отфрли сите забелешки кои беа предложени од делегацијата на Еладската Православна Црква. За документот за односите на Православната црква уште на самиот почеток бев многу загрижен, но се надевав дека со забелешките на Црквата на Елада и другите помесни цркви, тој текст ќе биде исправен. На крајот се доби еден незрел текст на документот, во кој и до последен момент се вршеа исправки и тоа во фазите на превод на руски, француски и англиски јазик,  изјавил Митрополитот на ГПЦ.

Тој вели дека на Соборот како највисока институција настапувал Пергамскиот Митрополит Јован (Зизјулас), кој ги отфрлал сите забелешки и сам ги менувал и усвојувал текстовите на документите.

-Текстот за „Односите на Православната црква со останатиот христијански свет“ воопште и не требаше да се разгледува, вели Јеротеј.

За овој документ беше потрошено и најмногу време на Соборот на Крит. Расправата траела два дена. Во петокот, како што вели Митрополитот Јертоеј таа завршила во ќорсокак, по што имало координација на делегацијата на ГПЦ, која одлучила да не отстапува од забелешките во шестиот параграф, каде наместо „Христијански цркви и конфеции“, барале да се внесат зборовите „Христијански конфесии и заедници“.

Неколкуте обиди да се најде компромис биле неуспешни, по што Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, предложил двајцата митрополити Јеротеј и Јован да одржат заеднички состанок и да се договорат. На тоа Јертоеј одговорил дека овде не станува збор за лични проблеми, туку за став на Цркви.

Петокот завршил без договор, а Вартоломеј изрично побарал од Грчкиот Архиепископ да обезбеди решение.

Во Саботата ГПЦ дала нов предлог „Православната Црква ги признава историските називи на другите христијански цркви и конфесии кои не се во општење со нив“. Тогаш документот бил усвоен, но без потписот на Митрополитот Јертотеј, кој смета дека до решение на спорот е дојдено откако е извршен психолошки притисок врз Црквата на Грција.

-Јас лично наидов на сериозен притисок и навредлив однос од Архиереите. Колку што мене ми е познато притисок бил вршен и на други членови на Еладската Црква, изјавил за грчките медиуми Јеротеј.

Сепак парадоксот да биде уште поголем, неговото име стои во конечниот текст на потписници на документот, иако тој не ставил потпис. Тоа е така затоа што текстот го потпишал Поглаварот на ГПЦ, а потписите на останатите членови од делегацијата се по автоматизам наброени.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *