Почетна Вести Грчки хор со благослов на атинскиот архиепископ вечерва пее во Бигорскиот Манастир
Грчки хор со благослов на атинскиот архиепископ вечерва пее во Бигорскиот Манастир

Грчки хор со благослов на атинскиот архиепископ вечерва пее во Бигорскиот Манастир

1.69K
0

Грчкиот хор од Атина под раководство на Николај Месогејски вечерва за прв пат ќе пее на бдението што Бигорските монаси го служат во пресрет на патронот на Бигорскиот Манастир, Јован Крстител.

Сеноќното бдение почна во 20 часот и 30 минути и ќе трае до утринските часови, а со него чиноначалствува Брегалничкиот митрополит, г. Иларион.

Ова е прв пат грчки хор да учествува на бдение во Македонија. Според информациите на Религија.мк, патувањето во Македонија и учеството на бдението е со благослов на грчакиот Архиепископ, Јероним. Тој всушност е и почесен член на псалтите од хорот. Станува збор за еден од најпознатите грчки хорови. Протопсалтот на хорот е претседател на сите псалти во Грција.

Утре пак во Бигорскиот манастир ќе допатува и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и надлежниот митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј.

Светата архиерејска Литургија ќе започне во 09:00 часот и со неа ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, во сослужение на Високопреосвештените Митрополити г. Тимотеј и г. Иларион.

Бигорската обител ги кани сите верници да присуствуваат на оваа величествена слава на Манастирот.

/Религија.мк

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *