Почетна Вести Грчката црква и дијаспората во САД во поход против уставното име на Македонија
Грчката црква и дијаспората во САД во поход против уставното име на Македонија

Грчката црква и дијаспората во САД во поход против уставното име на Македонија

194
0

Pan-Macedonian Association Board VisitsМитрополитот на Грчката православна црква во Америка Деметриос и Пан-македонската асоцијација во САД (движење на грчката дијаспора) ќе собираат потписи за меморандум со кој ќе бараат од американските власти отповикување на одлуката за признавање на Македонија под уставното име од 2004 година.

Грчкиот владика Деметриос и претставниците на Пан-македонската асоцијација, деновиве на средба заеднички ги координирале активностите. Деметриос им дал силна поддршка и логистика на иницијативата на грчката дијаспора.

-Ние силно ја поддржуваме иницијативата за меморандум со кој ќе се бара отповикување на одлуката на САД за признавање на ФИРОМ под Македонија, изјавил Митрополитот Деметриос.

Пан-македонската асоцијација оваа петиција ја организира во рамки на конгресот, кој во јуни ќе се одржи како одбележување на 70 годишнината од нејзиното функционирање во САД.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *