
Прв ден подоцна, МПЦ-ОА се уште официјално молчи. Иако целокупната јавност очекува одговори за денешна одлука на Соборот на МПЦ-ОА владиците молчат. Молчат затоа што не знаат што да кажат, или молчат за тоа што знаат што прават?
Во кратки црти да потстеиме. СПЦ одлучи дека по писмено барање на Синодот на МПЦ-ОА, донела одлука да ја врати МПЦ-ОА во автономниот статус од 1959 година и да признае нејзин канонски исправен статус. СПЦ исто по барање на Синодот на МПЦ-ОА одлучила дека “дијалогот за идниот и евентуален конечен статус на епартхиите во Севрна Македонија не само што е можен, туку е и целисходен (потребен), легитимен и реален“. (Иако не се спомнува директно, веројатно се мисли на иден административе статус како Автокефалност, бидејќи формулацијата конечен статус на епархиите, подразбира тоа). И уште една исклучително важна точка. Со писмото, или актото на Синодот на МПЦ-ОА, како што вели СПЦ, македонските владици „изразуваат надеж дека СПЦ братољубиво ќе го решава и ќе го реши прашањето за нејзиниот (се мисли на МПЦ) конечен канонски статус, за кој треба да постои или да има сеправославна согласност за прифаќање на тој статус“.
Иако соопштението само по себе кажува многу, јас нема да носам крајни заклучоци, иако имам јасна претстава каде се ова води. Но, затоа ќе ги анализирам јавните информации со кои располага јавноста и моите неформални, информации кои јавноста не ги знае.
Прво што значат јавите информации. Сите медиуми во регионот, аналитичар познавачи зборуваат за враќање на МПЦ-ОА во границите на СПЦ со статус од 1959 година.
Што е статусот од 1959 година? Тоа е статус на широка автономија на кој СПЦ се согласува по долг дијалог од 1945 до 1958 година, со една единствена цел избор на скопски митрополит по род Македонец. На таа позиција застанува Доситеј, откако прертходно е избарн за Викар на Српскиот патријарх. Преговорите СПЦ иницјатоивен одбор за возобновување на Охридската Архиепископија, водени преку републичките Комисии за односи со верските за едници на Скопје и Белград резултираат со вториот црковно народен собор од 4 октомври 1958 година, на кој се носи одлука да се обнови старата македонска Охридска архиепископија, во лицето на МПЦ. На чело на Македонската православна црква стои митрополит кој ја носи титулата – „архиепископ охридски и скопски и митрополит македонски“. Меѓу одлуките клучна е и следната: „Заради одржување на црковно–канонското единство на Православната црква во ФНРЈ, Македонската православна црква ќе го признава патријархот на Српската православна црква како врховен поглавар на Православната црква. Единството на православната црква го репрезентира патријархот.“. Што значи МПЦ-ОА, иницијативнот одбор се согласува МПЦ-ОА да биде автономна црква во рамки на СПЦ. (Секако како решение во тоа време најлогично бидејќи целта била епископи по род од Македонија)
Конечното решение Соборот на СПЦ за Македонската православна црква го носи на 17 јуни 1959 година. Во одлуката на Соборот се констатира дека: Скопската, Охридско–битолската и Злетовско–струмичката епархија на Црковно–народен собор одржан во Охрид од 4 до 6 октомври 1958 година се издвоиле во самостојна Македонска православна црква која се раководи според Уставот донесен на овој Собор, но, и натаму останува во канонско единство со Српската православна црква преку нејзиниот поглавар Неговата Светост патријархот на СПЦ“. Во одлуката Соборот препорачува да се променат 35 од вкупно 171 член од Уставот на Македонската православна црква, најголем дел се однесуваат на уредување на односот со СПЦ.
Во 1967 година, по серија несогласувања на релација СПЦ-МПЦ се случува третиот црковно народен Собор на кој МПЦ-ОА прогласува еднострано Автокефалност. Освен што административниот статус ниту една црква не го признава се уште, по налог на СПЦ ниту една црква не го признава ниту канонскиот статус се до до 9 мај 2022 година, кога Вселенската патријашија ја крева шизмата. Со оваа одлука сега на СПЦ, МПЦ се враќа на позиција од Вториот црковно народен Собор.
Втората јавна информација за анализа е „евентуалениот конечен статус на епартхиите во Севрна Македонија не само што е можен, туку е и целисходен (потребен), легитимен и реален“. Оваа точка во одлуката на Синодот на СПЦ е многу важна, зошто? Затоа што Соборот на СПЦ, индиректно констатира дека има каноснки услови за автокефалност. Тоа на еден начин му ја олеснува постапката на Вселенскиот Патријарх за конечно решение, односно Томос за автокефалност.
Третата јавна информација е дека сепак, за таа Автокефалност треба да има согласнот од сите помесни православни цркви, а тоа подразбира и можност за вето од која било црква.
Четвртата јавна информација за анализа е онаа најспорната, најпоблематичната. Дека одлуката на СПЦ, за се ова, се темели на писмено барање од Синодот на МПЦ-ОА. Тоа практично значи дека МПЦ-ОА, тоа барала, тоа добила. Барала враќање во автономен статус од 1959, тоа добила. Барала идна Автокефалност што сите цркви ќе ја признаат, тоа добила.
Следствено на овие јавни информации и на молкот од МПЦ-ОА, такви се какови што се реакциите на јавноста и на медиумите. Иако не сакам да биде погрешно сватен, но најрадосни од одлука на СПЦ се ПОА и Вранишковски. МПЦ-ОА – Српска Патријаршија.
Ајде сега да ги анализраме неформалните информации, за кои верувам дека се во висок степен точни.
Прво. Фамозното писмо. Изворите од Синодот на МПЦ велат дека такво писмо, со таква содржина не постои. Изворите од Соборот на СПЦ велат дека постои и не е потпишано од само еден владика. Изворите од Синодот на МПЦ-ОА велат постои писмо, но со друга содржина и точно е дека не е потпишано од еден владика, но поради отсуство. Тоа е Владиката Методиј од Америко-канадската епархија. Во овие спротивставени информации од СПЦ и МПЦ јасно е дека има писмо и тоа писмо не е потпишано од еден владика. Причината е техничка, не бил физички присутен.
Што пишува во писмото според СПЦ, објави во соопштение. Според извори од СПЦ, соопштението е правено врз основа на дословно цитирање од текстот на писмото. Според извори од МПЦ, во писмото пипшува сосема друго и е во контекст на одлуката на Вселенската патријаршија од 9 мај ова агодина. На пример, дека МПЦ-ОА ја известува СПЦ, дека Вселнската Патријаршија донела одлука за канонскиот статус на МПЦ и дека согласно препораките на Вселенската патријаршија за дијалог со СПЦ (изворите велатдословно е циторано соопштението на ВП) да се разговара за административно правните работи за конечно прифаќање на МПЦ – ОА во редот на помесните Автокефални црки. Изворите велат автокефалниот статусна МПЦ е неколку пати потеницран во тоа писмо. Крајот од писмото завршува со посакување добра работа на Соборот на СПЦ и надеж дека ќе се дојде до посакуваното решение и единство. Писмото во СПЦ е испратено два дена по синодската седница од 10 мај. Овие две различни информации укажуваат на тоа дека нешто не е во ред. Но, ако некој сака да ја сокрие вистината, тоа е сосема лесно проверливо кога тоа писмо би било достапно за јавност. Овде е многу мажно да се види содржината за да се анализра јазикот на кој е пишувано тоа писмо. Дали тој јазик остава простор за слободно толкување, па да СПЦ така го толкувала, а МПЦ-ОА друго да мислела. Но, лековерно е да се верува дека СПЦ така слободно би напишала дека МПЦ-ОА тоа го барала како решение, приота знаејќи дека содржината нан тоа писмо би станала јавно достапна.
Втората неформална информација повеќе се однесува на молкот на МПЦ-ОА. Што таа открива? Наводно, во текот на преговорите изминатиов месец, усмено (нема писмен доказ или писмена гаранција) било договорено дека тој автономен статус на МПЦ-ОА ќе трае десет дена. На десетиот ден, односно со крајот некаде на Соборот на СПЦ, Српскиот патријарх ќе испрати писмо до Вселенскиот патријарх во кое ќе пишува дека СПЦ признава автокефален статус на Црквата во Севрна Македонија. Ден подоцна, тој документ, наводен некаков Томос, Српскиот патријарх лично ќе го донел во Скопје, задно со гаранција дека таа автокефалност ја признава и Руската Православна Црква. Овде во Скопје треба да се случи и првото заедничко сослужување меѓу владиците од МПЦ-ОА и од Српската Православна Црква и така да се затвори децениското прашање со општо народна веселба…
Но во таа информација има неколку нелогичности. Првата е усното ветување. Втрата е врз основа на која одлука Порфириј би пратил писмо до Вартоломеј. Според денешното соопштение СПЦ не донела никаква таква одлука, напротив Соборот донел одлука МПЦ-ОА да се врати во автономија. За да Српскиот патријарх го извести Вселенскиот за автокефалност на МПЦ-ОА, мора да има Соборска одлука. Таква одлука за откажување од јуриздикциски граници не може да носи Порфириј, ниту Синодот на СПЦ. Туку само Соборот, а тој заседава еднаш или два пати годишно. Сепак СЦП серозна црква, па да носи одлуки кој како ќе му текне. (А од се ова што го игра, покажува исклучително висок капацитет за црковна диполатија.) Тие одлуки имаат правна важност и врз основа на нив се носат други одлуки. И денешнта одлука на СПЦ е носена врз правната важност на Нишкиот договор, а не врз основа на усни ветувања на поединечни средби. Значи во тој контекст, велат информациите треба да се толкува и молкот од МПЦ. Демек ако за десет дена ништо не се случи, пу пу не важи… Ако се случи, тогаш урааа… Но каде урааа…? Суштинската автокефалност на МПЦ е само и само валидна со Томос на Вселенската Патријаршија, како што е канонско правило со векови наназад.
Во тој контекст е и третата неформална информација, за која веродостојнста е речиси минимална. Оние кои навиваат за СПЦ, тврда дека Вартоломеј знаел. Оние кои се упатени повеќе во работите, велат Вартоломеј знаел и затоа донел одлука пред СПЦ, но не во коориднација. Оние кои не знаат што се случува, а сакат да поентираат велат ова е „задничко масло на двете цркви“, заговор против Македонија.
Четвртата неформалан информација за која исто така има спротивставено ставови меѓу МПЦ и СПЦ е црквата на Вранишкосвки-ПОА. Според изворина на МПЦ-ОА, тоа рпашање ниту е разговарано на средбите, ниту има какви било најави за решение. За МПЦ-ОА тоа е внатрешно прашање на СПЦ. Но, според информации од патријаршијата во Белград, денешната одлука на СПЦ, практично значи дека МПЦ сега е ПОА. Точно е дека деталин околу тоа кој владика од ПОА и која епархија, и дали воопшто ќе добие епархија, не е разговарано, но договорено било Јован да замине во пензија со титула Почесен Архиепископ Охридски.
Што се од ова е точно, јавноста секако ќе донзае. Нејасно е само дали ќе ги има, и ако ги има колкави ќе бидат штетите.
Марјан Николовски