Почетна Вести ЃОРГЕВСКИ: Политиката и Црквата не одат заедно, опозицијата да се дистанцира од изјавите на Вранишковски
ЃОРГЕВСКИ: Политиката и Црквата не одат заедно, опозицијата да се дистанцира од изјавите на Вранишковски

ЃОРГЕВСКИ: Политиката и Црквата не одат заедно, опозицијата да се дистанцира од изјавите на Вранишковски

153
0

Уредникот во дневниот весник, „Дневник“ и добар познавач на црковните прашања, Бранко Ѓоргевски очекува опозицијата да се огради од изјавите на екс владиката на МПЦ, Јован Вранишковски со кои тој поддржувајќи ја „шарената револуција“ повикува на превреднување на позициите на МПЦ во општеството.

VRANISKOVSKI 1-Мора да има реакција и оградување од оние за кои тие изјави се наменети, односно носителите на „шарената револуција“ и лидерите на опозицијата. Тие мора јасно да се дистанцираат од ова и да се изјаснат дали тие сметаат дека е потребно да се изврши такво некое превреднување на вредностите од комунизмот. Јас до сега не сум слушнал дека лидерите на протестите истакнале некаква заложба за превреднување на вредностите од комунизмот. Не сум слушнал ни од опозицијата, меѓутоа не ми се допаѓа што постои и еден молк од таа страна. Тие мораат јасно да се оградат од тоа барање, вели Ѓорѓевски за „ТВ НОВА“.

Ѓоргесвки потенцира дека кога апелирате да се меша политиката во целиот црковен спор тогаш е тоа недозволиво.

-Тоа е голем престап кој го прави Вранишковски т.е. српската страна што стои зад ова и таа го барала тој да излезе со ваков став, вели уредникот во „Дневник“.

-Не можете како црковен достоинственик да барате политиката да се меша во црковен спор, а тој тоа го бара во своите интервјуа, додаде Ѓорѓевски.

Според Ѓорѓевски, Вранишковски не бара притисок од српската политика за СПЦ да ја прифати автокефалноста на МПЦ, но бара од македонските политичари да ја притиснат македонската црква.

-И едното и другото е недозволиво, тоа е голем грев што го прави, а нему очигледно тоа не му пречи. Тогаш за каква одделеност на црквата од државата може да станува збор, прашува Ѓорѓевски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *