Почетна Вести Христијанство Г.Г. Стефан: И покрај надворешните оспорувања, растевме како Црква
Г.Г. Стефан: И покрај надворешните оспорувања, растевме како Црква

Г.Г. Стефан: И покрај надворешните оспорувања, растевме како Црква

1.07K
0

Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во интервју за пораталот на МПЦ-ОА, литургија.мк, на 25 гпдишнината од устолуувањето на тронот на охридските архиепископи вели дека црквата низ сите овие години успеала да расте и покрај сите предизвици со кои се соочувала.

-И, да Му благодариме на Бога, се исполни времето: на 9 мај 2022 година, со Одлука на Цариградската Патријаршија, со благослов на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, бевме примени во канонско и евхаристиско единство со останатите помесни Цркви, а на 5 јуни истата година, од Неговата Светост Патријархот Порфириј, го примивме Томосот за автокефалност, што ни го додели Архијерејскиот собор на Српската Православна Црква, вели Архиепископот во интервјуто.

ЛИТУРГИЈА.МК: Ваше Блаженство, пред 25 години, во 1999 г. на Црковно-народниот собор во Охрид, бевте избран за петти Архиепископ на Македонската Православна Црквa. Во изминативе 25 години, Синодот на Македонската Православна Црква растеше и денес брои деветнаесет архиjереји, што говори дека сме жива Црква. Како народ, колку сме воцрковени и колку нашата Црква успева да ја доближи верата до секој Македонец?

Г.Г. СТЕФАН: Како да беше вчера! Поминаа незабележително, иако 25 години и не се малку. Но и не се битни годините, туку побитно е како поминале, и што останало и што ќе остане запаметено. Историјата секому ќе му забележи, и што е направено и што не е. Пред четврт век, со Божји благослов и со волјата на народот, ни се довери, ако може така да се рече, нам, на втората генерација архијереји, да го продолжиме раководењето на возобновената Охридска Архиепископија како Македонска Православна Црква. Тоа беа години на исчекувања, години во кои продолжи отфрлувањето и понижувањето, но беа и години во кои опстојувавме во барањето на правдата и бранењето на нашата вистина. Не отстапивме од она за кое се залагаа сите наши претходници од Арсениј до Доситеј и наваму. И, да Му благодариме на Бога, се исполни времето: на 9 мај 2022 година, со Одлука на Цариградската Патријаршија, со благослов на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, бевме примени во канонско и евхаристиско единство со останатите помесни Цркви, а на 5 јуни истата година, од Неговата Светост Патријархот Порфириј, го примивме Томосот за автокефалност, што ни го додели Архијерејскиот собор на Српската Православна Црква.

Во меѓувреме, и покрај сите надворешни оспорувања, растевме како Црква. Се обновуваа стари и се изградија нови храмови, и во Скопската и во сите наши епархии, се намножија свештенослужителите, благодарение на Богословијата и на Богословскиот факултет, продолжи да се обновува монаштвото и да се зголемува бројот на архијерејите… Сето тоа говори за постојаниот духовен раст, иако секогаш може и повеќе и подобро. Најважно од сите растења е растежот на Црквата во душите на народот! И покрај отсуството на религиозно образование во нашите училишта, и покрај неможноста на верата да ѝ се даде барем малку простор во медиумите, нашиот народ си ја почитува прадедовската вера и живее со неа. Особено радува што во неделните и празничните денови на светите богослужби во храмовите присуствуваат бројни верници, од кои поголемиот број се млади луѓе. За жал, и во ова време во недостаток на верската поука во училиштата, духовната литература и проповедта во храмовите се единствените помагала за запознавање на народот со вистините и со учењето на Светата Црква. Но, да се надеваме на подобри времиња!

Целото интервју прочитајте го на литургија.мк

/Foto/liturgija.mk/prinskrin

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *