Почетна Вести Свет Ерусалимската патријаршија блокирана поради непланени даноци
Ерусалимската патријаршија блокирана поради непланени даноци

Ерусалимската патријаршија блокирана поради непланени даноци

144
0

Сите сметки на Ерусалимската Патријаршија се блокирани од израелските власти, објавија грчките медиуми.

Причината е одлуката на Израел да ги оданочи за недвижен имот Православната Патријаршија во Ерусалим, како и уште 12 христијански цркви во светиот Град.

Вкупниот износ што властите го бараат за вкупно 887 имоти надминува 190 милиони долари. Патријаршијата на Ерусалим мора да плати 8,7 милиони евра за имот на градот.

Засега христијанските конфесии ја бојкотираат одлуката и го обжалуваат новоусвоениот закон, кој предвидува оданочување на сите згради кои не се користат со богослужбени цел.

Христијанските лидери излегоа со заедничка декларација во која ја отфрлат “даночниот арач” како “спротивен на историското место на црквите во Светиот Град на Ерусалим и омаловажување на светиот карактер на Ерусалим, што ја загрозува способноста на Црквата да служи на верниците од целиот свет”.

-Ние сме обединети и цврсти во нашата позиција да го заштитиме нашиот имот и права”, се вели во соопштението.

Од друга страна, во текот на последната година Ерусалимската патријаршија падна во сериозна криза на довербата, предизвикана од продажба на нејзин имот на еврејски компании во Ерусалим, што е болна тема. Еден таков случај доведе до соборувањето на претходниот Ерусалимски патријарх Иринеј.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *