Почетна Коментар Епархија виа манастир
Епархија виа манастир

Епархија виа манастир

1.60K
8

Во изборот меѓу општото лудило од „корона паниката“ да се туркам низ маркетите и да купувам брашно, сол, посни конзерви и по некој сапун, бев се одлучил да останам дома и да гледам телевизија.

Измив раце, како по пропис… Со чист етанол пребришав тоа далечинското, запалив темјан по дома, затворив прозори, исклучив ѕвоно на врата…  Чашка сливова ракија, нешто туршија… Заштитен сто проценти, а и подготвен за навивање… Првото соочување на еден претставник на ПОА со новинар во етерот… Давид Нинов и Бранко Ѓоргевски на „Само Вистина“. Добро е што конечно некој од ПОА се одважил да дебатира, но уште на стартот станува јасно како тие сфаќаат дебата… Тие да зборуваат, други да слушаат… Нејсе…

Но, има една предисторија на оваа дебата, за која мислам дека јавноста треба да ја знае… Минатата недела ми се јави колешката Мирјана, водителка и авторка на емисијата.

Ме прашува дали би дебатирал со Давид Нинов?

Со задоволство и одговорив, но тој нема да прифати ѝ велам..

Зошто?, ме прашува…

Се плаши… – ѝ одговарам на шега.

Ќе го прашам, па ќе те барам – вели колешката.

По десет минути, ми вели: – Да, одбива со тебе да дебатира…

Во ред… – ѝ посакав успех на колешката…

Потоа разбрав дека дебата сепак ќе има, Нинов се одважил да дебатира со Бранко Ѓоргевски, колега новинар одличен познавач на црковните работи…

Ова го пишувам за да не остане некажано, особено што се случува по вторпат. Првиот обид за дебата го направи Горан Момировски на Алфа, пред две години чинам, исто Нинов одби да дојде.

Но, како и да е… Ќе биде интересно…  – си велам. И бидна… Иако удостоен и испочитуван да избира соговорник, епископот на ПОА, одлучи уште на самиот старт да одржи теолошко-книжевно-новинарска лекција, првин на домаќинот, па на гостинот и експресно да заклучи во првите пет минути дека сѐ што ќе кажат другите различно од него е „кумровачка школа“ …  И бидна што бидна….

Сега малку за суштината.

Од целото излагање на Нинов, јас како човек од надвор кој нели “не го живее“ единството на Едната Света Соборна и Апостолска Црква,  што би рекол мудриот епископ, или да преведам што сака да каже  – еретик…  Е како таков, јас ѕиркајќи во тоа што тој го зборува успеав да видам, дека прашањето за автокефалноста на МПЦ-ОА, не само што е во процедура, туку веројатно веќе е и решено во рамки на Вселенската Патријаршија… И што е уште поинтересно, тоа решение  го знае и Нинов, а логично и СПЦ и ПОА.  А, тоа решение за несреќа на СПЦ, а за радост на вистината на Православната Црква ќе подразбира автокефалност на МПЦ-ОА и конечно ослободување од духовниот јарем  на српската црковна власт во Македонија. Гледајќи го Нинов сфатив дека тој и не е толку загрижен што МПЦ-ОА ќе добие признавање, туку тој да ти бил загрижен дали МПЦ-ОА имала доволно епархии и за епископите на ПОА, па отвора дилема за тоа како МПЦ-ОА и ПОА ќе се договореле во меѓусебните разговори… Хммм…

Добро е конечно што владиците на Врнишковски се приземјиле и разбрале дека тие не се решението за црковниот проблем во Македонија, иако 18 години се обидуваа тоа да го докажат и овде и пред останатите православни цркви. Но, не е добро што не разбрале дека тие не се воопшто фактор ниту за решение, ниту за разговори, туку чир, или диво месо на црковното ткиво во Македонија, смислено и растено од нивниот духовен ментор Иринеј Буловиќ,  нешто на што се противеше и сега покојниот Руски Патријарх Алексеј, кога СПЦ ја промовираше ПОА како решение, а излезе како парацрковна структура.

Впрочем, за каков фактор важи ПОА, покажува и составот на делегацијата на СПЦ која замина на „забавата“  кај Ерусалимскиот патријарх во Аман-Јордан. Нинов вели претставници на ПОА немало, затоа што биле зафатени… Што работа имале? Да дебатираат по телевизии… Ако Давид како епископ на ПОА не знае, Јован како Архиепископ сигурно знае дека со тоа што на овој Собор во Аман, нема претставник на ПОА, СПЦ директно ги крши Нишкиот Договор. Но, тоа секако е внатрешен проблем на СПЦ. Јас не би де грижел многу околу тоа… Чисто само да им посочам.

Е, сега.. да се вратиме на суштината. Тоа што Нинов се обидува да го наметне како некаков процес на разговори меѓу ПОА и МПЦ-ОА, или како што вели тој: „Ние сме тука заедно и мора да разговараме, сами да се договориме“ , со вистински зборови се вика „хируршка интервенција  на туѓо тело“. Што во превод значи, да се најде чаре и за ПОА… Но, ПОА не е проблем на МПЦ-ОА, ПОА сега, а и секогаш била и е проблем на СПЦ. Дијагнозата на тој проблем е јасна. Терапијата ќе биде иста како и во Украина, каде што на Онуфиј му беше понудено да биде дел од обединувањето . Таа понуда ќе ја добие и Врнишковски, а негово право е да избере… да биде дел од автокефалната Охридска Архиепископија –Јустинијана Прима (МПЦ-ОА), или да си остане со СПЦ.  Но, се ми се чини дека неговиот избор нема да биде воопшто важен, затоа што изборот да го одбијат тоа што ќе го добијат како понуда, ќе го направи Црковна Москва, и тоа поради своите интереси. Или да преведам, ПОА ќе остане предмет на дворските игри, а тоа секому во православниот свет му е јасно.

Во случај сепак да одберат да бидат дел процесот на решение на проблемот, во ПОА многу добро знаат дека никој нема да оди кај нив, туку тие ќе треба да се вратат во МПЦ-ОА. И да можеби ќе добијат и епархии… Еден ден… Но, патот до епархијата води преку манастир. А, таму секогаш има добра можност и доста време за покајание, особено за духовната заблуда направена кон овој народ. Еве на пример манастирот во Матејче… Одлично место и можност да се почне со неговата духовна обнова. Ред молитва, ред духовно покајание, ред активности за неговово средување… Лека-полека, се стасува до епархија…

Толку за денеска… Следниот пат за лицемерието и манипулациите… За убавите зборови што Нинов ги кажува за Вселенскиот Патријарх и за тоа како верниците на ПОА од „Саборни центар“ прават кловн од Вселенскиот Патријарх.  И да… Врапчето ми кажа…  Архиепископот Стефан не бил во Белград… Бил некој друг… Прашај по дома во Патријаршијата…

Пишува: Марјан Николовски

Коментар(8)

  1. Одлично, Марјан – „хируршки прецизно“ разнебитување на демонската прелест на псевдоепископот Нинов.

  2. Одлично, Марјан! Хируршки прецизно разобличување на момокот од Соборно просерување.

  3. Аутокефална Охридска Архиепископија- Јустинијана Прима ?
    Нисам знао да сте одустали од имена МПЦ. Шта на то каже Митрополит Агатангел?
    Па у Нишком споразуму је писало да МПЦ остаје у унутрашњој употреби и у комуникацији са Словенским Црквама ,а тада вам је то била издаја,а сада пристајете да МПЦ не буде ни у унутрашњој употреби. Још кад своју дијаспору дате Васељенској Патријаршији видећете да је Нишки споразум био одличан.

    1. Па Слободане
      Нам повеќе ни лежи Охридска Архиепископија , за волја на вистината;
      А зарем ти не толку одамна исто така се изразуваше дека етнофилетизмот треба да се исфрли и дека добра опција да се почне со тој зафат е помесните цркви да немаат национален префикс и дека би сакал и СПЦ да се преименува во Печка патријаршија;
      Инаку ако те интересира реакција на конкретниот владика , можеш да одиш во Велешка епархија и да го прашаш лично!
      Времињата се динамичен процес, а ти нема нема , па ќе одвалиш на културен начин со тој твој Нишки…
      Кој ти е враг , што велите вие Србите?
      Боли тоа што конечно ќе се прифати името на древната Охридска Архиепископија, баш од оние кои вие со децении ги понижувате и газите!
      И на крај , што не гледаш брате твоја посла туку шеташ по портали и уживаш да провоцираш;
      Знаеш за промена би било добро да погледнеш малку во вашиот двор;
      Во Новиот завет пишува:
      Како ќе му ја извадиш раската во окото на твојот брат , кога имаш греда во своето око;
      Несреќнику извади ја прво гредата од своето око , па ќе можеш да ја видиш раската во окото на брат ти!

      Слободане , жал ми е што вие Србите не можете да согледате дека немате поблизок народ на Балканот од Македонците!
      Ако некој на Балканот ве сака повеќе од нас кажи !?
      Ве сакаме многу , добри луѓе сте, али уби вас понос, и јако ми е жао;
      Како колектив ја поседувате најопасната страст за христијанството;
      Се молиме за вас;

      1. Брате, Слободане, толико су нам срби црковно преко главе, да од њих не прихватамо ни Аутокефалност под именом Македонска Православна Црква!!! Ништа од њих, па таман нудили и спасење!!!

  4. Не ,мени је драго што сте прихватили назив без националног предзнака.
    И наравно да ће ми бити драго кад се овај спор реши .
    А то ко је коме близак ,слажем се. Србима јесу најближи Македонци ,али и Македонцима Срби признајете. Бугари кажу да ваш језик не постоји,Грци вас зову “Скопљани” ,а Албанци пола ваше земље сматрају “Природном Албанијом”. Овај Црквени спор у односу на ово све је безазлен. Али ето надам се да ће се ово решити. Позитивна вест је што ви пристајете на ово име ваше Помесне Цркве.

  5. Најгоре од свега је кад те неко духовно негира као што раде срби нама.

  6. Ние не “пристајемо” , туку тоа е име на нашата црква кое ни припаѓа по природен редослед на нештата;
    Жал ми е што Владиците не се сетиле порано на ова опција;
    Но како и да е, во тој “ твој Нишки “ (за кој се држиш како слеп за стап) , и да беше под името Охридска архиепископија, немаше да успее како што не успеа ни во 1967;

    Не мислам дека црковното прашање е небитно во однос на другите прашања;
    А кога веќе сакаш од црковно да се селиш на други прашања и проблеми од секуларно ниво за ќе ти одговорам:
    Исто како што индивидуите имаат свој личен развој, бебе, дете, тинејџер, па возрасен човек, старец…, така и народите имаат свои фази на развој;
    Што да се прави кога сме опкружени со народи кои се наоѓаат во адолесцентска фаза а ние Македонците сме ѓи доживеале сите тие фази?!
    Што ни останува освен да покажеме СМИРЕНИЕ (во кое како колектив се наоѓаме сите), освен да почекаме да пораснат и да созреат нашите соседи , вклучувајќи ве и вас Србите по однос на црковното прашање, се разбира;
    Треба да го достигнете нивото на зрелост кое го има Охридската архиепископија како апостолска црква;а за тоа си треба време, природен процес е, не може да се скока; ти и самиот во една комуникација призна дека сите словенски народи учеле од Охридската архиепископија;
    Жал ми е што некои Владици во СПЦ фрустрација поради овој непобитен факт не можат да ја надминат о ставаат препреки ;
    Однесувањето на Македонскиот народ по сите прашања од страна на соседите може да се спореди како однесување на зрел стабилен човек, кој му дал се на својот син, а овој бидејќи се добил на лесен начин ја превзема власта се свртува против таткото и го прогонува;
    Што да се прави, мора да се чека и тинејџерите да пораснат;
    +
    Туку гледам дека вие веќе ќе ја “фатите” Европа; сте вовеле не само религија туку и граѓанско со модерни содржини;
    Понапредни сте од нас , машала;
    Со таква премиерка, како и нема да бидете;
    Секоја чест, комплименти!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *