Почетна Вести Европа Строг одговор на Вселенскиот патријарх на Ерусалимскиот
Строг одговор на Вселенскиот патријарх на Ерусалимскиот

Строг одговор на Вселенскиот патријарх на Ерусалимскиот

864
0

Вселенскиот патријарх Вартоломеј, само неколку дена после средбата со претставниците од Ерусалимската патријаршија во Фанар, со едно особено строго писмо кон Ерусалимскиот патријарх, го поставува пред неговата историска одговорност.

„Не можеме да сфатиме како го занемарувате или не го разбирате размерот на негативните резултати од оваа иницијатива,“ му пишува патријархот Вартоломеј на патријархот Теофил, нагласувајќи дека оваа иницијатива за „семејна средба има како единствена цел да „го промени сето она што е добро поставено во Православната црква и да ги измени нејзините еклисиолошки основи“.

Вселенскиот патријарх, кој се чини дека се решил да не пишува помеѓу редови, му разјаснува на Ерусалимскиот патријарх дека вистинските цели на оваа иницијатива се многу видливи.

„Она кон коешто се цели, доколку сакаме да сме искрени со самите себе и доследни пред Бога, е служење на тврдоглавото одбивање од страна на една помесна Црква да ги последува веќе со векови општоприфатените работи во Православната црква, имајќи ја на своја страна Руската држава,“ му пишува тој на патријархот Теофил, кому на друго место му истакнува дека „бројната предност никогаш не била суштина во православниот етос…“.

Секој параграф од посланието на Вселенскиот патријарх е еден шамар за Ерусалимскиот патријарх, кого го потсетува дека неговите дејствија не се штетни само за Константинополската црква, туку и за самата Ерусалимска патријаршија, како и за Православната црква во целост.

Нашата забелешка е дека овие предупредувања на Вселенскиот патријарх се потврдија јасно после воведниот говор на Московскиот патријарх Кирил на средбата-фијаско во Аман, како и срамните изјави на останати руски клирици, како на Волоколамскиот митрополит Иларион, дека Црквата има потреба да се постави на нова платформа, различна од онаа на Вселенската патријаршија.

ИЗВОР: ОРТОДОКСИЈА ИНФО

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *