360 Степени: Програмата за сеопфатно сексуално образование изменета по критиките на црковни и конзервативни кругови

Date:

Share post:

Програмата за Сеопфатно сексуално образование (ССО), која предизвика реакции во јавноста и критики од претставници на верски заедници, претрпе измени по нејзиното повлекување на почетокот на септември. Како што објавува „360 Степени“, новата програма, која сега го носи насловот „Здравје и заштита на здравјето“, ги отстранува или менува дел од содржините поврзани со родот, контрацепцијата и сексуалната различност.

Повлекувањето на програмата следуваше само неколку дена откако епископот Јаков Стобиски испрати отворено писмо до министерката за образование Весна Јаневска, критикувајќи ја поради промената на нејзините ставови за родовите прашања и барајќи програмата да биде повлечена.

Јаков во писмото потсети дека Јаневска, додека била во опозиција, се спротивставувала на употребата на терминот „род“, а сега, како министерка, ја поддржувала програмата за ССО.

Тој побара од министерката да ја повлече програмата, оценувајќи дека со неа на децата им се наметнуваат содржини што ги смета за неприфатливи.

Набргу потоа, Јаневска соопшти дека програмата се повлекува за длабока ревизија, по реакции во јавноста.

Сепак, една недела подоцна, во гостување на МРТ1, министерката изјави дека лично ја прочитала програмата и дека не гледа ништо спорно во неа. Најави дека Бирото за развој на образованието, заедно со стручни тела и експерти, ќе направи дополнителна анализа, по што програмата требало повторно да биде вратена.

И покрај ваквата изјава, новата верзија претрпе значителни измени. Терминот „род“ е отстранет од програмата, темата „Род и родова рамноправност“ е преименувана во „Рамноправност“, а содржините за родовите стереотипи, предрасуди и дискриминација се заменети со пошироки формулации.

Изменета е и темата „Сексуално и репродуктивно здравје“, која сега се води како „Репродуктивно здравје“. Од неа е отстранета контрацепцијата како посебна наставна содржина, а лекцијата за бременост и контрацептивни методи е заменета со содржина за бременост и заштита од несакана бременост.

Целиот текст во анализата на 360 Степани

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img