Почетна Вести Христијанство ЕКСКЛУЗИВНО: Премиерот Заев побара признавање на МПЦ од Вселенската Патријаршија, Вселенскиот патријарх позитивно одговори
ЕКСКЛУЗИВНО: Премиерот Заев побара признавање на МПЦ од Вселенската Патријаршија, Вселенскиот патријарх позитивно одговори

ЕКСКЛУЗИВНО: Премиерот Заев побара признавање на МПЦ од Вселенската Патријаршија, Вселенскиот патријарх позитивно одговори

822
0

Премиерот Зоран Заев со писмо побарал од Вселенската Патријаршија признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како рамноправна црква во Православниот свет.

Вселенската патријаршија на денешната седница позитивно одговорила на барањето на Премиерот Заев, наведувајќи дека презема одговорност за прашањето на Охридската Архиепископија.

Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија во Константинопол го разгледа прашањето со нерешениот канонски статус на Охридската Архиепископија. Патријаршијата го прими и писмото на Премиерот на државата г. Зоран Заев, во кое се бара помош и поткрепа за решавање на прашањето помесната православна Црква во ПЈРМ.

Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија одлучи да се заземе за ова и да ги преземе потребните чекори, според неприкосновените права на историските и канонски надлежности и привилегии на првопрестолната Вселенска Патријаршија, стои во соопштението од Вселенската Патријаршија.

Писмото било испратено пред едсен месец.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *