Почетна Вести Духовникот на Путин собра големи почести на промоцијата на неговата книга во СКопје
tihon-kniga-14
tihon-kniga-3
tihon-kniga-8
tihon-kniga-6
tihon-kniga-10
tihon-kniga-16
tihon-kniga-15
tihon-kniga-17

Духовникот на Путин собра големи почести на промоцијата на неговата книга во СКопје

906
1

Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ беше претесна да ги прими сите заинтересирани што сакаа одблиску да го видат викарот ан рускиот Патријарх, епископот Тихон на промоцијата на неговата книга „Несвети, а свети“

Рускиот епископ ја собра целата политичка и црковна елита на едно место. Претседателот Ѓорге Иванов, владиците на МПЦ на чело со архиепископот г.г Стефан му укажаа чест на високиот гостин од Русија, тука беа и универзитески професори, политичари новинари

tihon-kniga-17Тихон е еден од највлијателните епископи во Руската православна црква и својата слава ја стекна благодарение на пријателството со претседателот Владимир Путин. Токму Тихон е духовен водач на Путин и тој е човекот кој ги знае сите негови тајни.

На 600 страници преку 60 пораки книгата „Несвети а свети“ на рускиот епископ е мозаик од човечки судбини  кои според  авторот се дел од  прекрасниот свет каде се живее според сосема различни закони отколку во обичниот живот.

tihon-kniga-15Во „Несвети а свети“ е раскажана моќната демонстрација на сила и Божјата помош.  Во романот  епископот  Тихон ги открива животите на руските монаси во овој век и сознание за величината на Црквата и нејзината спасоносна улога за секој човек.

-Несвети, а свети“ е роман мозаик за човечките судбини во тој, како што вели авторот, епископот Јегоревски г. Тихон (Шевкунов), викар на патријархот Московски и на цела Русија, „прекрасен свет, каде се живее според сосема различни закони отколку во обичниот живот, свет, бесконечно светол, полн со љубов и радосни откритија, надеж и среќа, искушенија, победите и поразите, смислата на нивното значење, и најважното – за моќната демонстрација на сила и Божјата помош, јас сакам да раскажам во оваа книга, изјави проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ промовираќи го македонското издание на книгата..

tihon-kniga-16На безмалку 600 страници во 60-тина раскази, посочи Ѓорѓевски, раскажани се прекрасни човечки приказни, еден вид дневнички записи од средбите на авторот со секојдневни, но исклучителни личности.

– Јас немам потреба ништо да измислувам, вели отец Тихон. Се, за што вие сега ќе прочитате, тоа произлезе од животот“. Отец Тихон собрал мноштво приказни од својот и животот на другите луѓе, кои дишат со топлина, длабочина и човечност, каде секој расказ е поука самиот за себе. Некои раскази се надоврзуваат еден на друг, некои протагонисти и некои места минуваат низ неколку раскази, поврзувајќи го сето тоа во една целина и опис на Русија во последните 70 години, рече Ѓорѓевски, потенцирајќи дека книгата ја опишува судбината на монасите кои живееле во близина на светите пештери и катакомби на Псково-Пештерскиот манастир, ги открива животите на руските монаси во овој наш век и со тоа нуди сознание за величината на Црквата и нејзината спасоносна улога за секој човек.

tihon-kniga-10– Отец Тихон пишува за големите старци и аскети, за новите руски маченици и исповедници, за силата на молитвата, за љубовта, за прошката, за смирението и храброста. Книгата ја илустрира човековата распнатост неѓу небото и земјата, човековата душа која грчевито не престанува да граби кон небото, бидејќи оттаму го добила и го добива и здивот, и животот, и светоста, и смислата, но и земниот прав од кој беше создаден првиот човек, кој не престанува упорно да влече кон прашината на човековата слабост и грешност, истакна Ѓорѓевски.

Додаде дека радосна и тажна, длабоко човечка, книгата „Несвети, а свети“ – мало духовно сокровиште не остава никого рамнодушен, без оглед дали станува збор за луѓе блиски или далечни на Црквата.

tihon-kniga-6Директорот на НУБ „Св.Климент Охридски“, Иван Заров рече дека станува збор за книга на која човек секогаш се навраќа, која содржи универзални пораки и житејски приказни за есенцијалните прашања на животот и смртта, за луѓето и нелуѓето, за верата и неверата, за старата и новата Русија и сето тоа исполнето со еден шарм и луцидност, мистерија и заплет и многу проникливост.

Епископот Јегоревски, г. Тихон рече дека деновите кои ги поминал тука во Република Македонија биле денови на откритија, на прекрасни моменти на историјата, на прекрасни изненадувачки нијанси на земјата и прекрасни луѓе.

tihon-kniga-8– Разбирам дека треба да се направат напори ова богатство на кое вие сте наследници, да им биде извесно на сите православни цркви: на православните цркви и словенскиот народ и на сите народи, на целиот православен свет, истакна г. Тихон.

Вашата црква, нагласи, има што да им даде луѓето, ќе им даде многу богатство, особена душа и особена љубов.

Во врска со тајната на успехот, на популарноста на книгата, рече дека тоа не е опис на нешто, тоа е сведоштво за тоа за што можам да сведочам со чиста совест.

tihon-kniga-3– Тоа е најголема сила на човекот, да сведочи за таа вистина која ја стекнал пред Бог, додаде епископот Тихон.

Книгата ја превел Златко Дивјаковски, а е во издание на Кумановско-осоговската епархија на Македонската православна црква-Охридска архиепископија

Коментар(1)

  1. На многаја лета Преосвештени Владико, Спаси Бог.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *