Почетна Вести Досега непознат податок: Свети Климент носи име од Библијата
Досега непознат податок: Свети Климент носи име од Библијата

Досега непознат податок: Свети Климент носи име од Библијата

476
0

Еден од најеминентните македонски православни теолози, професорот Ратомир Грозданоски внесе нов елемент во биографијата на Свети Климент Охридски. На научниот симпозиум организиран од Македонската академија на науките и уметностите, професорот Грозданоски објави дека името на Свети Климент е библиско име, кое се среќава во Библијата. Овој нов научен податок, предизвикал воодушевување кај присутните научници кои биле дел од научната конференција посветена на 1100 годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски.

ratomir-gr-2-Добра е поврзаноста со свети Климент Римски, ученикот на апостол Петар, бидејќи секогаш, во житијата се тежнеело да се сврзе името, ликот и делото на светителот, со апостолите и нивните ученици или со првите учители, маченици и светии во Црквата Христова. На овој начин, свети Климент допира до апостолите, односно, до нивните ученици. Ако, овде житиеписецот го доближува до апостолот Петар, блажениот Теофилакт, пак, го нарекува „новиот Павле“.Освен нашето нагласување на оваа апостолска, а со тоа и библиска врска на свети Климент Охридски, овојпат, разоткриваме и една сосема нова димензија на поврзаноста со библиските содржини и личности. Ваквиот чекор повеќе е нов од, премин од поапостолскиот во библискиот предел, а тоа значи откривање нова поврзаност на свети Климента со библиски ликови и имиња од Светото писмо на Новиот завет. Свети Климент Римски не е библиско име, а ние одиме во Библијата и го посочуваме библиското име на свети Климент Охридски, соопшти професорот Грозданоски на научната конференција.

Овој нов, засега непознат податок во теолошката наука отвора еден нов елемент, досега непознат елемент за Свети Климент Охридски.

Во продолжение прочитајте дел од научното обраќање на професорот Грозданоски.

Научната мисла во досегашните истражувања за свети Климента, по однос на неговото име, како да застана, го задоволи своето љубопитство и остана без некој нов предизвик за натамошни проучувања и продлабочувања. Престанаа желбите за откривање на други сврски на неговото име, во поголема смисла и суштина.

Името „Климент“ го среќаваме запишано, со неговите различни јазични и граматички форми, во двете житија за него:  Пространото житие на свети Климента од Теофилакт и Краткото житие од Хоматијан и во двете житија за свети Наума, како и во житијата за светите Кирил и Методиј, а се разбира, и во Службата за свети Климентa. Тоа е сè од писмените сведоштва за името на свети Климент. Но, ваквото именување на светителот во неговото Житие и Служба е општо и насловно име на хагиографијата и на службата, што, всушност, претставува, вообичаено, дури и задолжително запишување на името, кое, пак, истовремено: и многу кажува, и ништо особено не ни кажува за неговото име. Дополнителни објасненија во житијните и во богослужбените текстови нема. Исто така, ни во научната мисла, до сега нема особена задршка на името и нема некое разјаснување на неговата форма, значење и происход.Сепак, во славистиката постои едно навраќање во оваа сфера, предизвикано од текстот во Второто Житие на свети Наум, каде се запишани имињата на Климент и Наум, како ракоположени во свештенички чин, во Рим. Тоа е добар повод.

И тргна научното барателство во потрага по смислата и поврзаноста на името на свети Климента. Во тој од по патеките на откривањето, се направи една многу природна и можна поврзаност на свети Климент Охридски со свети Климент Римски.

ratomir-gr-3Сите го прифатија мислењето дека е тоа така, иако цврсти докази нема, а се темели само на логична последователност и најприфатлива веројатност. Тоа останува. Не го отфрламе ова мислење, туку го дообјаснуваме со библиски и со богословски гледишта и факти. Но, откриваме и ново сознание. Добра е поврзаноста со свети Климент Римски, ученикот на апостол Петар, бидејќи секогаш, во житијата се тежнеело да се сврзе името, ликот и делото на светителот, со апостолите и нивните ученици или со првите учители, маченици и светии во Црквата Христова. На овој начин, свети Климент допира до апостолите, односно, до нивните ученици. Ако, овде житиеписецот го доближува до апостолот Петар, блажениот Теофилакт, пак, го нарекува „новиот Павле“.Освен нашето нагласување на оваа апостолска, а со тоа и библиска врска на свети Климент Охридски, овојпат, разоткриваме и една сосема нова димензија на поврзаноста со библиските содржини и личности. Ваквиот чекор повеќе е нов од, премин од поапостолскиот во библискиот предел, а тоа значи откривање нова поврзаност на свети Климента со библиски ликови и имиња од Светото писмо на Новиот завет. Свети Климент Римски не е библиско име, а ние одиме во Библијата и го посочуваме библиското име на свети Климент Охридски.

Проф. д-р Ратомир Грозданоски, протоѓакон

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *