Почетна Анализа ДНЕВНИК: Вранишкоски ја поддржува „шарената револуција“ за да ја превреднува „комунистичката мпц“
ДНЕВНИК: Вранишкоски ја поддржува „шарената револуција“ за да ја превреднува „комунистичката мпц“

ДНЕВНИК: Вранишкоски ја поддржува „шарената револуција“ за да ја превреднува „комунистичката мпц“

258
0

Повикот на Јован Вранишкоски за превреднување преку поддршка на „шарената револуција“, всушност е повик кон опозициските политички фактори кои ја поддржуваат „шарената револуција“ во случај да дојдат на власт да влијаат МПЦ-ОА да ја прифати автономната положба во рамките на СПЦ,пишува дневниот весник „Дневник“ во анализата, потенцирајќи дека ваквата негова заложба за „превреднување на вредностите од комунизмот“ доби засилен публицитет во порталите кои се блиски до опозицијата.

-Ниту еден од водачите на „шарената револуција“ или на опозициските партии досега јавно не се дистанцира од овој повик на Вранишкоски кој постојано упатува провокации и навреди кон МПЦ дека е црква создадена од комунистите, пишува „Дневник“.

VRANISKOVSKI 3„Шарената револуција“ која е во тек треба да ги превреднува вредностите од комунизмот кои останале непревреднувани, потенцира во своето велигденско обраќање Јован Вранишкоски, експонент на Српската православна црква во Македонија. Во обраќањето до своите приврзаници тој очигледно асоцира и ги поттикнува водачите на актуелните протести и оние што стојат зад нив да го превреднуваат и сегашниот статус на Македонската православна црква која, според него, не е автокефална, туку „расколничка комунистичка торба“. Повикот на Вранишкоски всушност е повик кон опозициските политички фактори кои ја поддржуваат „шарената револуција“ во случај да дојдат на власт да влијаат МПЦ-ОА да ја прифати автономната положба во рамките на СПЦ. Ваквата негова заложба за „превреднување на вредностите од комунизмот“ доби засилен публицитет во порталите кои се блиски до опозицијата. Ниту еден од водачите на „шарената револуција“ или на опозициските партии досега јавно не се дистанцира од овој повик на Вранишкоски кој постојано упатува провокации и навреди кон МПЦ дека е црква создадена од комунистите.

– Луѓето што денес ја образуваат „шарената револуција“ почнаа да се задушуваат од неправдата, која веќе влезе на голема врата во нашата држава. Со право креваат глава за да ја вдишат слободата без која нема живот. Еве што донесе нашата упорност и доследност. Донесе превреднување на вредностите. И тоа веќе никој не ќе може да го запре. Сведоци сме дека веќе подолго време и нашата татковина е на некаков крст. Официјално, прогласена е револуција, без оглед што таа го носи името „шарена“. Секоја, пак, револуција се прави заради превреднувања на вредностите. Нешто што му е многу потребно на општеството во кое живееме. Вредностите усвоени уште од времето на комунизмот останаа, за жал, во нашево општество непревреднувани. По падот на комунизмот речиси ништо не променивме од лажните вредности и последиците од тоа ги трпиме денес, потенцира во своето празнично обраќање Јован Вранишкоски, кој е на чело на ПОА создадена од СПЦ како паралелна црква во Македонија со цел да се растури МПЦ-ОА.

Тој го наведе и тоа дека и упорноста на ПОА донела превреднување на вредностите.

– И тоа веќе никој не ќе може да го запре. Зашто само превреднувањето на вредностите може да биде излез од длабоката криза во која н` втурнаа лажните вредности, потенцира експонентот на СПЦ во Македонија.

VRANISKOVSKI 1Откако излезе од затворот на почетокот од минатата година како резултат на договарањата да се деблокира обновувањето на меѓуцрковните преговори меѓу МПЦ и СПЦ, Вранишкоски и неговите приврзаници повеќепати досега упатувале дисквалификации кон Македонската црква дека е дело на комунистичките власти од периодот на седумдесеттите години од минатиот век. Веднаш по излегувањето од затворот, во интервју за Радио Белград тој рече дека „политиката ја создала црквата во Македонија за да се осигури идентитетот на македонскиот народ“. Во интервјуто кое, пак, минатата година го дал за црковното радио „Светигора“, чиј патрон е српскиот владика Амфилохие, повторно ја третира МПЦ-ОА како „политичка црква“ и рече дека „црковниот раскол бил политички мотивиран“.

Но, се забележува, уште тогаш дека Вранишкоски ги повикува политичките фактори да се активираат за да го решат спорот онака како што сака тој.

– Расколот беше со политички причини и е најбесмислен раскол. Нема црковни мотиви во него. Некогаш во црквата се случувале расколи и тие имале црковни мотивирани убедувања на верата. Тука не се работи за такви убедувања, туку е само политички и етнофилетистички ерес и во такви околности мошне е важно како политичките фактори ќе се постават во овој дијалог – нагласи тој.

Тој тогаш додаде дека „политичките фактори ќе имаат пресудно влијание во однос на тоа МПЦ-ОА да прифати одреден компромис“.

-Ако политиката малку попушти, а таа би требало конечно да сфати дека никој нема ништо против македонскиот народ и држава, туку сите сакаат на канонски начин да се реши тоа прашање, тогаш мислам дека ќе се дојде до решението, смета Вранишкоски, кој досега постојано изјавува дека македонската црква може да се надева само на автономен статус во рамките на Српската црква.

Слични ставови кон МПЦ-ОА кон крајот на минатата година искажа и неговиот приврзаник епископот Давид, кога учествуваше на прославата во грчкиот град Kилкис. На прославата на празникот посветен на 15-те струмички маченици, тој тогаш рече дека „расколничката МПЦ е создадена со одлука на Kомунистичка партија на Тито, а нејзината автокефалија е прогласена со одлука на Централниот комитет на KП на Југославија“.

– Во сите цркви што се наоѓаа во комунистичките земји се случуваат страшни гонења, а во овој случај имаме спротивно: комунистичка власт да создаде една црква само за етнофилетски цели. Уште почудно е што денешната расколничка МПЦ-ОА се застапува за одлука на Тито и не го гледа интересот на една света, соборна и апостолска црква. Истовремено, речиси 50 години расколниците очекуваат сите канонски цркви да ја признаат оваа одлука на Kомунистичката партија на Тито – рече овој близок соработник на Вранишкоски.

ДНЕВНИК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *