Почетна Анализа ДНЕВНИК: :АМФИЛОХИЕ пред сите владици му се заблагодарил на Владиката Тимотеј
ДНЕВНИК: :АМФИЛОХИЕ пред сите владици му се заблагодарил на Владиката Тимотеј

ДНЕВНИК: :АМФИЛОХИЕ пред сите владици му се заблагодарил на Владиката Тимотеј

1.28K
0

Македонскиот Митрополит Г. Тимотеј, кој на СПЦ и предаде честица од моштите на Свети Јован Владимир од српскиот митрополит добил подарок панагија и крст кои се подаруваат на признати владици, а воедно Митрополитот Амфилохије јавно му се заблагодарил на дебарско-кичевскиот Минтрополит, пишува дневниот весник „Дневник“

-Голема благодарност добил македонскиот владика Тимотеј од српскиот митрополит Амфилохие за мало парче од моштите на Свети Јован Владимир кои Македонска православна црква реши да го подари на Српската православна црква. Зборовите на благодарност биле искажани на свечената вечера на која присуствувале сите претставници на православните цркви кои учествувале во осветувањето на храмот посветен на овој светител во црногорскиот град Бар, пишува „Дневник“, пренесувајќи изјава на Митрополитот г. Тимотеј.

dnevnik-timМитрополитот Тимотеј кој ја предаде вредната реликвија чиј главен дел се чува во охридската црква „Свети Никола Болнички“, за „Дневник“ изјавил дека е задоволен од тоа како бил пречекан од страна на српските црковни претставници. Освен од Македонија, за новиот храм беа подарени мали парчиња од черепот на светителот од светогорскиот манастир Зограф и од телото од страна на Албанската православна црква. Со тоа симболично се спои телото на овој светител во нов велелепен храм кој му е посветен.

-Се помина на најдобар начин. Надлежниот митрополит Амфилохие не ги криеше зборовите на благодарност кон Македонска православна црква за тоа што решивме да му подариме мало парче од моштите. На свечената вечера, пред сите присутни тој рече дека посебно ми се заблагодарува мене, на Дебарско – кичевскиот митрополит на Македонска православна црква. Кажа дека како делегација на Македонска православна црква сме донеле парче од моштите и дека со тоа е направена посебна чест. Тоа го слушнаа сите присутни патријарси, како грчки, така и српски владици и оние од сите други православни цркви, изјавил за „Дневник“ владиката Тимотеј.

Кога неодамна упати писмо со молба до МПЦ да му подарат мало парче од моштите српскиот митрополит македонскиот поглавар г.г. Стефан го нарекол со полна титула: „архиепископ охридски и македонски“.

Тој додаде дека благодарноста на овој српски владика кој треба да ја предводи делегацијата на СПЦ на преговорите со МПЦ-ОА во спорот околу македонската автокефалност била надополнета и со тоа што му подарил панагија и крст, што се обележја кои може да ги носи само признат владика. Такви подароци добиле и претставници на други православни цркви.

Митрополитот г. Тимотеј од олтарот на црквата ја следи литургијата на Ерусалимскиот Патријарх
Митрополитот г. Тимотеј од олтарот на црквата ја следи литургијата на Ерусалимскиот Патријарх

На чинот на осветувањето присуствуваа ерусалимскиот патријарх Теофил, албанскиот архиепископ Анастасиос, европскиот митрополит на Вселенската патријаршија Емануил, претставници на Руската, Полската и на други православни цркви.

Дебарско-кичевскиот владика не сакал да открие дали на средбата со владиката Амфилохие договориле продолжување на меѓуцрковните преговори.

-Тоа е работа која треба внимателно да се подготви бидјеќи ниту ние ниту тие не сакаме да се среќаваме само заради среќавање туку таква средба да има конкретни резултати, вели синодскиот портпарол.

За време на завчерашната литургија владиката Тимотеј престојуваше во олтарот на новоизградениот храм без да земе активно учество во службата која ја предводеше ерусалимскиот патријарх. Тоа беше и очекувано со оглед на тоа дека статусот на МПЦ-ОА се уште не е уреден во семејството на православните цркви

Иако вчера во јавноста проструија информации дека г. Тимотеј имал средба со претставници на ПОА, тој тоа за „Дневник“ го демантирал

-Јас не сум имал никаква средба со претставниците на ПОА ниту пак со Вранишкоски. Тие беа таму, но јас не разговарав со нив. Јас и претходно кажав дека не можам да влијаам на тоа кого домаќинот ќе го покани, изјавил г. Тимотеј за „Дневник“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *