Почетна Вера ИВЗ Денеска го првиот ден од рамазанските пости
Денеска го првиот ден од рамазанските пости
0

Денеска го првиот ден од рамазанските пости

152
0

Муслиманите денеска изутрина во 3 часот и 10 минути го почнуваат постот по повод Рамазан Бајрам, еден од двата најзначајни муслимански празници.

Во наредните триесет дена, верниците ќе постат секој ден од изгревањето до заоѓање на Сонцето.

Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Целта на постот е богобојазливоста која во себе вклучува свест за Алах и правење добри дела. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Во постот се поштедени болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

Првиот ден од Рамазан Бајрам во Македонија е државен празник

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *